Проблемот со невработеноста во општините Дебар и Центар Жупа е еден од најголемите проблеми со кој се соочува населението.
Од година во година проблемот е се поголем, а поради немање на инвестиции тешко дека невработеноста може да се намали и во наредните години. Во моментов во двете општини има околу 4000 невработени од кои најголемн е бројот на невработените кои без квалификации ги има околу 2000 додека голем е и бројот на лицата со завршена средна стручна спрема и тој број изнесува околу 800. Исто така во пораст е и бројот на лицата со универзитетски дипломи.
Меѓу невработените има и лица кои работа бараат и над 20 години. Мунир Леши има завршено средно училиште за електро-машински техничар и покрај тоа што е на возраст од 45 години нема ниту еден ден работен стаж.
„Јас чекам работа околу 25 години. Сум барал работа насекаде, но неа ја нема. Имам завршено средно училиште електро машински смер. Сум конкурирал на многу огласи, но немам добиено работа. Заради ова немам работен стаж ниту еден ден. Имам семејство жена и три деца. Никој од семејството не работи“, вели Леши.
Мунир постојано се јавува на огласи за вработување но до сега не успеал да се вработи, ниту во приватните фирми ниту пак во локалните и државните институции.
„Кога конкурирам за да добијам работа, одговорот најчесто е дека ќе видат понатаму, сега во моментот нема работа и други слободни места. Многу брзо се вработуваат оние кои имаат партиски книшки. И покрај тоа што чекам работа 25 години не верувам дека ќе ја најдам“, истакнува Мунир.
Инаку поради немањето на работа околу 100 високошколски кадри само за две години заминаа на работа во странство. Најголемиот од нив замина за Италија додека еден друг дел и во САД. Кај невработените владее песимизам кога е во прашање нивното вработување. Тие мислат дека за да се вработат во институции потребна е партиска книшка додека, пак, за вработувањето во приватните фирми таму најчесто се вработуваат блиски роднини или пријатели на сопствениците на фирмите.
Јас чекам работа околу 25 години. Сум барал работа насекаде, но неа ја нема. Имам завршено средно училиште електро машински смер. Сум конкурирал на многу огласи, но немам добиено работа. Заради ова немам работен стаж ниту еден ден. Имам семејство жена и три деца. Никој од семејството
не работи.