Ден на младите

Млади луѓе во кафулиња во центарот на Скопје

Денешното одбележување на светскиот Ден на млади, како потсетување на лошата ситуација на македонските младинци - зависни од родителите, без можност за осамостојување.
Во Македонија нема да биде одбележан светскиот ден на младите. Ние сме различни и по многу други показатели кога станува збор за младите луѓе. Пред се, одредувањето на критериумите според кои се определува оваа категорија во општеството. За разлика од
Заради социо-економскиот статуст на возраста на младите во нашата земја е продолжена, затоа што нема стандард, неможат да се осамостојат бидејќи од 30-40% од невработените во нашата земја, најмногу ги опфаќа младите
луѓе.
светскиот просек каде што категоријата млади ја опфаќа популацијата од 10-24 години, кај нас таа популација ги опфаќа возрастите од 14-30. За жал ова не значи дека Македонците остануваат млади подолго, туку дека се соочуваат со многу проблеми коишто им оневозможуваат да отпочнат самостоен живот, независен од нивните родители.

„Заради социо-економскиот статус, возраста на младите во нашата земја е продолжена, затоа што нема стандард, не можат да се осамостојат бидејќи од 30-40 отсто од невработените во нашата земја, најмногу ги опфаќа младите луѓе“, вели Мики Трајковски претседател на Федерацијата на млади Скопје.

Младите во Македонија се свесни дека стандардот го прави различен нивниот живот од оној на младите од развиените западни земји. Ова ги прави често пати зависни од своите родители и над 30-тата година.


„Може и да се над 40-та година, а се уште да се со родителите, односно родителите да ги издржуваат.“

„Па поради економската ситуација.“
Може и да се над 40-та година, а сеуште да се со родителите, односно родителите да ги издржуваат.

„Има своите последици во иднина, доколку останеш во семејството и ги почитуваш нивните правила, а не можеш да изградиш свои.“

Освен факторот број еден, социоекономскиот статус, не независен од првиот фактор за доцното осамостојување на младите е и начинот на воспитание, преголемата приврзаност на родителите со децата, нивната неможност навреме да им понудат визија и услови за подоцнежните фази од животот и за навремено соочување со реалноста. Последиците одат во крајности, рано склопување бракови што е карактеристично за руралните средини или доцна што е карактеристично за урбаните средини.

„Некои сознанија укажуваат дека тоа создава невротична личност која на некој начин се прилагодува на тие услови и е терет за семејството и општеството“, додава професорот Илија Ацески.

Денешниот ден, ОН го востановија како ден на младите пред 11 години. Оваа година, од денеска па до 12 август 2011, тие ја прогласија за година на младите.