Езерото Младост - рај за велешани

Езерото Младост е едно од најпосетуваните излетнички места во велешко, иако условите за кампување се лоши.
Во прекрасна борова шума со температура за неколку степени пониска од Велес, а на само седум километри од градот се наоѓа Езерото Младост. Тоa е едно од најпосетуваните излетнички места во велешко, иако условите за кампување се лоши.

„Вода за пиење, соблекувални, ред други работи, за децата лулашките се испокршени, да се направат да се реновираат.“
Вода за пиење, соблекувални, ред други работи, за децата лулашките се испокршени, да се направат да се реновираат.


„Многу убаво место е. Прв пат доаѓам.“

„Малку да го искористиме топлото време, малку да се одмориме, овде најдовме разонода пријатно е местово. Малку хигиената да се подобри, другото добро е.“

Иако со минимални вложувања, Општината во изминатите години успеа езерото да го наметне и како простор за кампување. Се направија бројни проекти, но од сето тоа се реализира само осветлувањето, но не целосно - нема електрична енергија до камповите.

Илустрација: Капачи

„Ние сакаме да се намести вода, колку чини ќе си плаќаме. Струја да наместат за сите кампови, сите сме организирани да си ја плаќаме струјата да има подобри услови, плаживе ништо нема направено а обеќаа, ама од ветеното нема ништо, катастрофа е.“

„Ни недостасува вода на прво место и струја, малку да биде почисто, хигената е... Околу камповите наши е убаво ама доле на плажата е депонија, кој како иде остава губре.“

„Моментално е добро, но недостасуваат санитарни чворови, тие треба итно да се направат.“

Езерото Младост има иделана местоположба, поставено е меѓу двете магистрали кон Атина и Белград. Но немањето на знаци за хотелско сместување можеби е причина транзитните
Недостасуваат санитарни чворови, тие треба итно да се направат.
туристи да ги има во мал број.

„Доколку имаме и колку повеќе имаме подобра инфраструктура и сигнализација но и дополнителни пропагандни материјали кои ќе се изработат од старна на државните институции секако дека интересот ќе биде поголем а посетеноста подобра“, вели Славчо Ефтов, менаџер на хотел Романтик.

Младост ќе се развива како рекреативно место, децидни се од локалната самоуправа. Се обновуваат плажите, а општината ќе гради водовод со кој со квалитетна вода ќе сае снабдуваат објектите покрај езерото. Државата, пак, на езерото Младост ќе гради пешачка патека долга 6 километри.