Во Македонија компаниите немаат пракса на заминување на колективен одмор како во некои од европските земји.
Во Македонија, иако овој период по традиција е резервиран за летните одмори и голем дел од граѓаните решаваат тогаш да ги искористат слободните денови некој мора и да работи. Стопанствениците велат дека, иако капацитетот на работа е намален бројот на компаниите кои се решаваат да отидат на колективен одмор е многу мал. Праксата на колективни одмори во земјава не е секојдневие и таков случај може да се јави само кај фирми кои се бават со информатички дејности, бидејќи не мора да бидат присутни во своите канцеларии и кај некои мали трговски и угостителски објекти кои сметаат дека нема да имаат промет, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.
„Генерално дали се работи за преработувачка, прехрамбена, текстилна, трговија итн., едноставно колективен годишен одмор не е возможен, затоа што мора работата да тече во овој период. Тоа го решаваат преку заменување, значи одреден колега, колешка, презема работата од другиот.“
Со слично мислење е и претседателот на организацијата на работодавачи, Димитар Стојановски кој вели дека пазарот не дозволува компаниите да заминат на колективен одмор и неопходно е тие да бидат дежурни за да не ја испушат шанса за заработувачка.
„Компаниите во текот на овој летен период не се осмелуваат да одат на колективни годишни одмори, навистина со редуциран капацитет,но сепак се секојдневно на работните места. Тоа им овозможува да не испуштат ништо од порачките, да можат повеќе да реализираат од своите капацитети.“
Заминувањето на одмор во исто време во земјава го практикуваат само судовите кои се затворени до септември и пратениците кои се на одмор до 23 август. Додека, пак, според истражувањето спроведено во 13 земји, Јапонците со сила одат на одмор, за разлика од Французите кои се најголеми љубители на уживањето и максимално го искористуваат годишниот одмор од пет недели. Италија е една од ретките земји каде по традиција сите одат на колективен одмор од 1 август до 10 септември.
Генерално дали се работи за преработувачка, прехрамбена, текстилна, трговија инт, едноставно колективен годишен одмор не е возможен, затоа што мора работата да тече во
овој период.
„Генерално дали се работи за преработувачка, прехрамбена, текстилна, трговија итн., едноставно колективен годишен одмор не е возможен, затоа што мора работата да тече во овој период. Тоа го решаваат преку заменување, значи одреден колега, колешка, презема работата од другиот.“
Со слично мислење е и претседателот на организацијата на работодавачи, Димитар Стојановски кој вели дека пазарот не дозволува компаниите да заминат на колективен одмор и неопходно е тие да бидат дежурни за да не ја испушат шанса за заработувачка.
„Компаниите во текот на овој летен период не се осмелуваат да одат на колективни годишни одмори, навистина со редуциран капацитет,
Компаниите во текот на овој летен период не се осмелуваат да одат на колективни годишни одмори.