Непочитување на жртвите од 11 септември или начин на изразување на верските слободи и права?! Секој од свој агол гледа на планот да се изгради џамија во близина на урнатите кули Близначки. Планот предвидува да се изгради муслимански центар во Њујорк на два блока од Светскиот трговски центар кој беше уништен од терористички напади во 2001, при што загинаа 3.000 луѓе.
Проектот стана тема за расправа меѓу поборниците за верски слобода и оние чувствителните на настанот од 11 септември. Околу проектот се занимаваат и политичарите и медиумите.
Сепак, некои од нив останаа надвор од сето тоа, како на пример демократите во Конгресот. Од канцеларијата на сенаторот од Њујорк само изјавија дека не се противат на планот. И Белата Куќа остана надвор од дебатата.
Минатата недела, со гласање во градскиот Совет беше надмината и последната правна мерка за изградба на муслиманскиот центар. На читањето на одлуката, некои присутни извикуваа „Срам да ви е“ и „Исламот гради џамии на место на нивните освојувања и победи“. Организаторот на проектот замоли да им се дозволи да го изградат центарот. Тој изјави дека само сака да му покаже на светот дека може да се развиваат и умерени муслимански заедници. При гласањето во градскиот Совет се донесе одлука да се урне една стара зграда и да се изгради муслиманскиот центар .
Од едно еврејско здружение за човекови права истакнуваат дека се зад одлуката да се изгради верско обележје, но изградбата на исламски центар во сенка на Светскиот Трговски Центар ќе придонесе за зголемување на болката на блиските на жртвите, и дека тоа не е во ред. Тие повикуваат да се гледа што е добро, а не што е според правилата.
Портпаролот на Центарот за Американско-исламски односи Ибрахим Хупер вели дека сета контроверзност околу проектот го оркестрираат луѓе кои имаат анти-муслиманска агенда. Тој вели дека нивната цел е да доведат до судир меѓу Американците кои се муслимани и тие кои не се.
„Истите луѓе кои сега се против овој исламски центар каде ќе има и молитвен простор, се противат и на изградба на џамии во Тенеси, во Калифорнија, во Илиноис, во Бруклин. И секој пат кога ќе треба да се изгради некој муслимански обејкт ие ќе изнајдат различни оправдувања за нивниот фанатизам.“
Поддржувачите на група да се изгради џамијата имаат сојузник во градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг.
„Светскиот трговски центар засекогаш ќе остане во спомен на нашиот град, во нашите срца. Но, кои ќе бидеме ние како њујоркчани и Американци ако кажеме „НЕ“ за изградбата на џамијата. Да не заборавиме дека на 11 септември беа убиени и муслимани, а нашите муслимански соседи тагуваа со нас како вистинки њујоркчани и Американци“, вели Блумберг.
Американскиот Центар за закон и правда, основан од свештеникот Пат Робертсон, поднесе тужба против Градот кој дозволи да се урне старата зграда и на тоа место да се изгради муслимански центар.

Истите луѓе кои се против изградбата на овој исламски центар каде ќе има и молитвен простор, се против изградба на џамии во Тенеси, Калифорнија, Бруклин.