Стив Мекгури вели дека направил стотици фотографии за Авгнанистан, но токму таа на младата Авганистанка стана синоним за една бегалска криза и допре до многу луѓе. Фоторепортерот раскажува дека по објавувањето на фотографијата на насловната на магазинот ’Нешнл Џеографик‘ стигнале илјадници писма и прашања за тоа која е девојката и како може да и помогнат. Луѓето сакаа да и пратат облека, помош, раскажува Мекгури. За тоа, зошто токму таа фотографија привлекла толку внимание, фоторепортерот вели:
„Мислам дека е до начинот на нејзиното изразување на многу различни емоции, тоа што изгледа двосмислено. Но мислам дека нејзините очи се главната причина што привлече толку многу внимание, нејзините убави очи што прогонуваат и се насочени право во гледачот.“
Многу години подоцна Мекгури се решава да се врати во Авганистан и да ја побара девојката. И многубројните писма, но и љубопитноста што се случило со неа, го натерале да ја побара. Тој вели дека било вистински чудо што воопшто ја нашол.
Ја најдов девојката
„Беше многу тешко да ја најдам. Не го знаев нејзиното име, не го знаев племето од кое потекнува, не знаев каде живее, практично ништо не знаев за девојката. Единствено што го имав е таа фотографија. Отидовме во кампот каде некогаш ја направиви нејзината фотографија. Бев многу среќен кога еден човек рече дека го познава братот на девојката. Така тој не однесе до неа.“
Фоторепортерот вели дека многу работи го врзуваат за Авганистан. И луѓето кои се прекрасни и кои имаат смисла за хумор, нивната издржливост, убавината, прекрасната земја, тоа е сликата која му останала од таа земја. Мекгуру вели дека и сега има многу пријатели Авганистанци, и се восхитува на нивното култирно наследство и традиција.
Авганистан вчера и денес
„Тие имаат многу уабви пејсажи, драмтични би рекол. Тргнувајќи од пустините на југ, до планините на север. Тоа е навистина еден од најубавите предели во светот.“
Но Авганистан денеска и Авганистан пред многу години е и многу сменет, но во исто време и останал ист вели Мекгури.
„Да го споредиш Авганистан денеска со тоа кога првпат отидов таму во 1978... На многу начини и сега се е исто, во смисла што луѓето што живеат во селата и во планините, нивните животи не се изменети, тие и натаму се занимаваат со земјоделство, си одледуваат животни. Тој дел останува се уште недопрен од модерниот свет. Но градовите, Кабул, Џалалабад, со мобилната телефонија, интернетот, кабелската телевизија, целиот тој сообраќај. Се сеќавам дека пред 15 години имаше само неколку автомобили во Кабул, сега е автомобил до автомобил. Модерни ресторани, трговски центри, нови хотели, е тоа е она што е драмтично изменето.“
Мекгури, сепак, се согласува дека надворешниот свет влијаел врз земјата, и таа повеќе не е изолирана . Тој вели дека сега Авганистанците навистина сакакаат да станат дел од заедницата на западноазиски земји и да се вклопат во неа.