По повеќе од две години од отворањето, индустриската зона „Жабени“ кај Битола се уште без ниту еден инвеститор.
По повеќе од две години од отворањето на индустриската зона Жабени во Битола, се уште не е поставена комплетната инфраструктура, не се јавил ниту еден инвеститор, а во вода засега се потонати ветувањата за економска преродба на градот преку голем број нови вработувања. Од најавените стотици вработувања засега единствено вработено лице е директорот Трајко Котевски, кој пак ги исполнува условите за во пезнија. Опозицијата критикува дека директорот наполнил 64 години, а се уште оди на работа и не се одјавил од Фондот за здравствено и пензиско осигурување.
„Дали во овој град важат законите на Република Македонија? Дали во овој град законите селективно се применуваат? Дали во овој град има трудова инспекција? Дали трудовата инспекција согласно член 264 од Законот за работни односи ќе им изрече глоба од 15, 10 и 7 илјади евра на работодавачот и другите одговорни лица“, прашува Горан Милевски од ЛДП.
Пред да замине да каже зошто зоната се уште не е електрифицирана и дали има продадено барем една парцела? Ветуваа дека Битола 2010 година ќе изгледа сосема поинаку, дека во градот ќе нема невработени, дека инвеститорите ќе ја разграбаат индустриската зона, дека во неа ќе има фабрики од Турција, Грција, фабрики за камиони од Украина, од Австрија, Шведска, дека луѓето ќе имаат премногу работа, дека на помош ќе се викаат и луѓе од соседните градови- рече Милевски.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески обрзаложува „директорот има 4-годишен мандат и сега е на половината. Има спорење во неколку членови во законот. Точно дека ги исполнува годините за во пензија, меѓутоа по одредени други челнови во законот, тој би требало да го заврши својот мандат. Бидејќи тоа е контрадикторно побаравме стручно мислење од правната комисија во парламентот. Какво што ќе биде мислењето така ќе одреагираме и ние.“
Талески додава дека скоро ќе дојде денот кога индустриската зона Жабени ќе проработи и ќе го намали бројот на невработени битолчани. За да се забрзаат работите сега се носела струја од Меџитлија за првите 20 хектари предвидени за продажба.
Дали во овој град важат законите на Република Македонија? Дали во овој град законите селективно се применуваат?