Турски историчар во Битола

Турскиот историчар Шахин Сонјилдирим

34-годишниот историчар Шахин Сонјилдирим од Турција, допатува дури во Македонија, за да направи истражување за својата докторска дисертација на тема „Битола во 18 век“.
Битолското минато се уште привлекува турски истражувачи во градот кој за време на Османлиската империја бил стопанско-културен-воено-административен центар на Румелискиот пашалак. 34-годишниот историчар Шахин Сонјилдирим од Измир, Турција, деновиве допатува дури во Македонија,тука да направи истражување за својата докторска дизертација на тема „Битола во 18 век„. Овој млад историчар кој многу добро го познава старо турското писмо ќе ги проучува турските списи сочувани во историските архиви во Македонија. Ова е прво подетално истражување за историјата на Битола во 18 век.
Во Турција многу се заинтересирани за историјата на Македонија, посебно универзитетите кои во свои рамки имаат катедри по
историја.


,,Во Турција многу се заинтересирани за историјата на Македонија, посебно универзитетите кои во свои рамки имаат катедри по историја“, вели историчарот Сонјилдирим.

Тој не води потекло од Македонија, но затоа пак неговата сопруга има семејни корени од тука. Ќе проучува зошто толкава значење Османлиите му дале на овој град. Вели дека во историскиот архив во Битола нема многу документација за тој период, дури ни карта како изгледал градот во 18 век. Затоа, ќе се потпри врз документацијата од Националниот архив во Скопје.
Во тој период не се споменуваат нации, туку турско, нетурско население, Евреи
и Роми.
Широк Сокак во центарот на Битола


,,Има доста документи од тој период во Турција, но важно е и што е сочувано тука. Податоци за културата, за склучувањето на бракови, земањето борч. Во тој период не се споменуваат нации, туку турско, нетурско население, Евреи и Роми“, вели историчарот.

Истражувањето ќе го чини многу пари, а сите трошоци се на негова сметка. Се пожали дека во архивите за странците имаат посебна цена. Фотокопирање на една страница чини 100 денари, а него ми требаат 3006 архивски единици.

Инаку, ова е само еден од примерите за врските кои постојат меѓу двата народа. Во Турција живеат околу 60 илјади македонски иселеници, од кои добар дел потекнуваат од Битолско. Во иднина се очекуваат и други научни трудови на теми кои важни и за двете земји. Битолскиот универзитет прави обиди за размена на студенти и други истражувачи кадри на специјалистички или магистерски студии со турски универзитети.