(Не)заслужен собраниски одмор

Пратениците заминаа на одмор

Пратениците заминаа на 20-дневен одмор, откако разнишаниот политички дијалог го доведоа до состојба на кулминација.
Од 23 август кога се враќаат во собраниските клупи, пратениците ќе имаат уште кус период да го подобрат впечатокот за позитивна оценка во извештајот на ЕК. Тоа што е направено за 12 месеци не може да се исправи за еден но добро е ако покажат барем волја да работат на подобрување на шансите, коментираат експертите. Измината сезона од работата на Парламентот ја одбележаа блокирана работа на
Сметам дека за деловникот ќе биде многу тешко да се изнајде консензус, се надевам дека одморот ќе биде тој кој што ќе овозможи да слегнат чувствата и да се размислува порационално и прагматично во овој дел за да се изнајде
решение.
комитетот за односи меѓу заедниците, европски критики по однос на некои закони како што е законот за антидискриминација, инцидент на релација власт опозиција и заглавен дијалог околу деловникот.

„Сметам дека за деловникот ќе биде многу тешко да се изнајде консензус, се надевам дека одморот ќе биде тој кој што ќе овозможи да слегнат чувствата и да се размислува порационално и прагматично во овој дел за да се изнајде решение“, изјави Флора Кадриу од опозиционата Нова демократија.

Собранието, како што вели, прилично ажурно донесе многу закони но истовремено многу важни закони биле донесени без почитување на алтернативите и без консултирање на стручни лица. Според тоа и многу од нив со дискутабилна содржина и несоодветни на европската легислатива. Пратеничката Анета Кипаризовска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, вели дека Собранието и во изминативе месеци работело на висината на своите задачи донесувајќи сериозни закони согласно европската агенда.
Мора да се каже дека ја паѓаат политичката култура, македонската јавност е презаситена од т.н. аргументи со навреда и тие не поминуваат.

„И за наредниот период од септември месеци исто така не очекуваат сериозни закони од областа на судството, реформи кои што се тековни, недоразбирања можеби е и нормално да има во една демократија секој е со различни мислења, меѓутоа класичен застој на работата на Собранието сметам дека до ден денеска, немало.“

Отворен ден во македонското Собрание, граѓани во парламентот, мај 2009

За професорот Здравко Савевски, пак, недоволната соработка на релација власт-опозиција доведува и до донесување неквалитетни закони но и до честа измена на законите што според него ја нарушува правната сигурност во земјата. Сепак според него, поважно од донесувањето на законите е начинот на којшто тие ги водат дискусиите во парламентот.

„Мора да се каже дека ја паѓаат политичката култура, македонската јавност е презаситена од т.н. аргументи со навреда и тие не поминуваат.“

Се на се, Парламентот и во измината сезона не испраќаше пораки за консензус, дијалог и развиена демократска култура што според експертите со голема веројатност ќе се одрази и врз есенскиот извештај на ЕК.