Русија: Црква и Држава

Русија - верски обред

На Руската православна црква е се повеќе се гледа како на еден од најзначајните ефективни алатки на Кремљ во фалсификување на новиот пост-советски национален идентитет. За подемот на црквата и нејзините врски со власта се загрижени многумина кои велат дека тоа придонесува за дискриминација на етничките и верските малцинства во земјата.
Ако пред 20 години цркавата не беше актуелна, сега нејзините врски со власта се во пораст. Денеска руската политичка елита, вклучувајќи ги и претседателот Дмитриј Медведев и премиерот Владимир Путин, прават шоу од нивната религиозност. Тие присуствуваат во црква на сите големи празници, а на листата на државните додадоа и неколку верски празници. Рускиот Устав, во моментов, прави јасна поделба помеѓу црквата и државата. Но во практика, двете страни се како партнери, објаснува рускиот експерт за религозни работи Андреј Золотов. Тој вели дека дури може да биде сменет и Уставот за да може да се развива тој црковно-државен однос.

„Мислам дека на долг рок - во следните 50 или 100 години - ќе има потреба од нова законска регулатива за да го потврди тој однос меѓу цркавата и државата.“

Премиерот Владимир Путин и Патријархот Кирил во Ново Огариово на 1 Април 2010


Процут на руската црква

Црквата доживува процут сега кога е под патронат на државата, особено откако на чело на Патријаршијата минатата година стапи Кирил кој се опишува како подинамичен и полиберален од неговиот претходник Алексеј. Патријархот Кирил сега го има насекаде, дава благослов на рускиот олимписки тим или се фотографира со Путин, но воспоставува врски и со црквите од поранешните советски републики и будно ги надгледува нивните врски со Ватикан. Откако е на чело на црквата, Кирил се обиде да го зголеми телевизиското покривање на црковни настани и да се воведе задолжително изучување на православната христијанска вера во образованието што придонесе до протести во земјата во која има четири официјални религии - православието, исламот, јудаизмот, и будизмот.

Црквата, исто така, успешно лобираше Владата да донесе закон со што се ќе си го повратат имотот одземен за време на Советската ера, со што црквата стана еден од најголемите сопственици на недвижнини во земјата. Државата, со помош на црквата, се обидува да воспостави нов пост-советски национален идентитет.

Симбиоза со власта

Институтот за Слобода на совеста, кој се бори против ксенофобијата и верската нетрпеливост во Русија, го опиша односот меѓу црквата и државата како „симбиотички“, велејќи дека тоа доведе до дискриминација на другите верски малцинства.

Татарскиот историчар Нурула Гариф го оценува зголеменото присуство на црквата во работите на државата како политички
Руската православна црква се претвори во државна инситуција и стана моќно оружје кое и овозможува на државата да манипулира со својот народ.
некоректно.

„Руската православна црква се претвори во државна инситуција и стана моќно оружје кое и овозможува на државата да манипулира со својот народ.“

Иако, 60 до 80 отсто од Русите се декларираат како православни, ретко кој е нив е посветен на верата. Се претпоставува дека помалку од 8 отсто присуствуваат на црковни манифестации и практикуваат верски обреди.

Максим Бурдин е иден свештеник. Тој ја отфрла идејата дека црквата и државата работат оркестрирано, но вели дека тие секогаш треба да бидат во хармонија.

Руски војници на церемонија во Ставропол на 28 Јули 2010


„Не можете да ги делите црквата и државата како две книги една од друга. Тие постојат паралелно, но не треба, една на друга, да си се мешаат во работата. Државата има за цел изградба на голема сила, а црквата не може да оди против тоа, ако државата не оди против учењето на црквата.“

Некои критичари ја обвинија државата дека се обидува да ја изедначува православна вера со рускиот национален идентитет за да постигне национално единство.