Бурна е атмосфера во Исламската верска заедница, пред празникот Рамазан.
Здружението на Улемаи при муфтиството на Исламската верска заедница му порачаа на разрешениот оџа Рамадан Рамадани да стои подалеку од расколот и насилството. Рамадани, пак, најави дека од утре ќе почне со собирање на потписи за петиција за смена на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Скопскиот муфтија, Рифат Вуслјами изјави дека Рамадани нема ни верско ни морално право да повикува на смена во име на верниците и имамите, затоа што нема никаква функција во ИВЗ и против него е покрената пријава за загрозување на владеење на џамијата Иса Бег во Скопје.
„Тешко на тој народ кој што ќе остане во рацете на еден насилник, расколник каков што е профилот на Рамадан Рамадани како бивш колега кој што никогаш не заслужил да го нарекуваме колега.“
Рамадан Рамадани вели дека сегашниот поглавар нема легимитет за за да ги претствавува муслиманите во земјава.
„Неговото нелегитимно составување се состои пред се од две главни работи, а тоа е пред се неговиот избор во 2006 година којшто беше пред крајно сомнителни и милитантни околности и другото е промената на Уставот на ИВЗ во 2008 година.“
Ни ИВЗ не останаа покуси со обвинувањата. Вуслјами потсети на проблемите од минатото.
„Истиот во 2003 година со употреба на насилство и оружје, заедно со радикална вехабистичка група влегоа во институцијата на ИВЗ и присилно го натерал тогашниот муфтија да го предлага со калашникови за еден ден без никакво право и и легална процедура од тогашниот поглавар.“
Рамадани ги негира овие обвинување и вели дека е легитимно дојден во заедницата.
„Нема никаква вистина во таквите инсинуации и лаги и овој човек којшто моментално е на чело на ИВЗ треба да престане да ги злоупотребува некои кутри суштества кои се таму, а од друга страна да бара некое помирување или гаранција за негово заминување.“
Состојбата во ИВЗ ескалираше откако на петочна молитва во џамијата Иса Бег пред повеќе од еден месец, приврзаниците на Рамадани го истуркаа скопскиот муфтија од местото за оџата и се степаа со поранешниот пратеник Ештреф Алиу. На инцидентот му претходеше смена на Рамадани, како што соопшти ИВЗ, поради ширење вахабизам а воедно и му беше забрането да одржува молитви.

Тешко на тој народ кој што ќе остане во рацете на еден насилник, расколник каков што е профилот на Рамадан
Рамадани.
Рамадан Рамадани вели дека сегашниот поглавар нема легимитет за за да ги претствавува муслиманите во земјава.
„Неговото нелегитимно составување се состои пред се од две главни работи, а тоа е пред се неговиот избор во 2006 година којшто беше пред крајно сомнителни и милитантни околности и другото е промената на Уставот на ИВЗ во 2008 година.“
Ни ИВЗ не останаа покуси со обвинувањата. Вуслјами потсети на проблемите од минатото.
„Истиот во 2003 година со употреба на насилство и оружје, заедно со радикална вехабистичка група влегоа во институцијата на ИВЗ и присилно го натерал тогашниот муфтија да го предлага со калашникови за еден ден без никакво право и и легална процедура од тогашниот поглавар.“
Нема никаква вистина во таквите инсинуации и лаги и овој човек којшто моментално е на чело на ИВЗ.