Хајд Парк

Ќе има ли пари за плати и пензии?

Се стега ли ременот со ребалансот на буџетот и како тоа ќе се одрази врз платите, пензиите, здравството, е новото прашање на кое можете да коментирате во рубриката Хајд Парк.
Ќе му дозволите ли, почитувани, на вашиот известувач да ви се извини. Зошто? Поради тоа што ја потценив вашата способност за
дебатирање на високопарни теми, како што велиме ние новинарите, за теми од економијата, како за буџетот и ребалансот, на пример, кои се сметаат токму за такви. Но, веројатно, кога мечката игра во сопствениот двор, како што вели народот, човек се' знае, поради тоа
Имаат среќа што сме мирен народ, а не сме ко Грците да им застанеме по улици и дури тогаш ќе ги прашам што ќе прават.
што чувствува врз своите плеќи. Се стега ли ременот со ребалансот на буџетот и како тоа ќе се одрази врз платите, пензиите, здравството…? Тоа е новото прашање во Хајд Pаркот на Радио Слободна Европа, за коешто изненадувачки детално и опширно ги пишувате вашите мислења.

Перо од Битола прашува каде живееме – во Сахара или вo Македонија? Платите каснат во образованието, министерот вика поради ребалансот, а Грујо вели нема везе, се' е ОК… ај, мајката, вели Перо, дали е ова фатаморгана?

Носферату од Скопје ни пишува дека државните институции немаат веке пари за основните трошоци за струја, парно, вода, а од друга страна тука е, вели, неизбежниот проект „Скопје 2014“ со сите можни порти, лавови, коњи и „мајмуни“.

Аце од Скопје смета дека министерот Ставрески и премиерот Груевски се во паника поради недостигот на пари и дека се се' понервозни. Кога ке дојде дотаму нивни член да не сака повеќе да учествува во перењето на парите - се' треба да е јасно, заклучува мудро нашиот Аце. Во пораката потпишана со АД, авторот во паника прашува што ако во еден момент нема пари ни за пензии ни за плати, ниту за боледувања, па става неколку прашалници. Исто така неколку прашалници става и зад формулата 24/7 . Сметам дека не е потребно потсетување на што и на кого се однесува таа. Важно, по прашалниците, АД од Струга уште порезигнирано прашува „Што правиме???“ (и повторно многу прашалници). „Страшно“- завршува страшно оваа порака.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ребаланс



Нашиот редовен С и дупло В од Македонија констатира дека тоа што буџетот е празен е
Сето она за што го доби мандатот од народот не е важно, важно ја донесе Македонија до просјачки стап, и генерации и генерации да плаќаат за неговите нарцисоидни и мегаломански
желби.
заслуга на, во наводници, домаќинското работење на Владата и на Министерството за финансии, на чело со, како што пишува, нарцисоидниот премиер, па мошне детално ги наведува работите на што оваа влада ги троши парите: на бетон, бронза, тушеви, фонтани, триумфални капии, рејтинг и на што ли уште не. И пак се критикува премиерот: „Сето она за што го доби мандатот од народот не е важно, важно ја донесе Македонија до просјачки стап, и генерации и генерации да плаќаат за неговите нарцисоидни и мегаломански желби“. Пораката завршува самокритички дека „За жал, што баравме, тоа најдовме“.

И една друга наша редовна слушателка и посетителка на веб-страницата на Радио Слободна Европа, Века од Тетово анализира какви ни се состојбите во економијата: ременот е одамна стегнат, ама Владата не сака да го признае тоа и упорно вештачки прави дека се' е ОК. Века забележува дека платите и пензиите секој месец доцнат по еден ден за да не се забележи дека не штима работава – здравството е за никаде, не дај боже да заглавиш во болница или да чекаш пари за породилно. Имаат среќа што сме мирен народ, а не сме ко Грците да им застанеме по улици и дури тогаш ќе ги прашам што ќе прават, завршува малку заканувачки пораката, а јас си дозволувам да додадам – белки некој којшто треба, ги чита овие и други пораки, за да знае што мисли народот.

Морам да кажам дека само една порака како да лебди во воздух – нејзиниот автор, исто така познат пишувач на пораки, Миле од Охрид, смета дека таму некои, кои пљачкале во времето на комунизмот, во негово име, а сега во името на НАТО продолжуваат да го прават тоа и ја спречувале владата во напорите да се справи со криминалот и дека тие со своите опструкции го креирале буџетот. Се согласувате ли со ова, почитувани?