За да се платат или наплатат долгови, во битолскиот крај се ограбуват пошти и се киднапират должници.
Според информациите на полицијата, син на познат преспански угостител ограбил комбе со пензии на Македонски пошти за да ги врати долговите кај битолски лихвари. Битолчанец, пак, го грабнал долажникот и два и пол часа го чувал со вперен пиштол и лисиции на рацете принудувајќи го да му го врати долгот. Се се случуило како на филм. Во правиот случај жител на ресенското село Царев Двор од комбето украл 2 милиони денари.
„Пријавениот лажно пријавил преку телефон до ресенската полиција, сообраќајна незгода со цел да ја оддалечи сообраќајната патрола од подрачјето на кое имал намера да оперира. Тој отишол кај поштата во Царев Двор, со маска на лицето, капа на главата и ракавици на рацете, се скрил зад грмушките. Во моментот кога комбето пристигнало, еден од вработените излегол да однеси вреќа до поштата, пријавениот му се доближил, му вперил пиштол во главата, го испрскал со спреј во пределот на лицето и му ја одзел вреќата со пари. На другите вработени им наредил да го напуштат возилото и тој избегал со него. Со дел од парите исплатил долгови и камати на засега непознати лица“, информира Ѓоко Стрезовски, портоарол на СВР Битола.
Другиот случај во обратна насока. Битолчанец се обидел со присила да си го наплати долгот од 16 илјади евра.
„Пријавениот во 1,30 часот по полноќ, откако влегол во дворот на оштетениот со присила, вперен пиштол во главата, му ставил лисици на рацете, го ставил во патничко моторно возило и го однел во близина на селото Ниже Поле. Таму повторно му го веприл пиштолот, му ги побарал парите кои оштетениот требало да ги плати до идниот вторник. Околу 4 часот утрото му ги извадил лисиците, откако го малтретирал и вербално му се заканувал и го однел во неговиот двор“, информира Стрезовски.
Полицијата во правиот случај поднела кривична пријава за разбојништво, а во вториот за грабнување. Со лошата економска состојба, високите каматни стапки по банките и презадолженоста на граѓаните, лихварите се повеќе плетат должнички мрежи. Неофицијално, неделната камата е 50 евра. Битолачни кои ги прифатиле ваквите услови немаат сон од каде да најдат пари да го вратат долгот кој само расте, а до сега не е познато дека бил уапсен или казнет барем еден лихвар во градот кој заработува на незаконски начин.

Пријавениот му се доближил, му вперил пиштол во главата, го испрскал со спреј во пределот на лицето и му ја одзел вреќата
со пари.