Тргање на превезот

Даводи Мохајер со хиџаб

Новинарката и активист за човекови права Фариба Даводи Мојахер по 25 години носење на хиџаб решава да го тргне и тоа јавно.
Фариба Даводи Мохајер е иранска новинарка и активист за човекови права. Почнала да носи хиџаб или облека која го покрива телото од главата до стаплата кога имала 13 години. Дваесет и пет години подоцна дошла до заклучок дека облеката ја симбилизира дискриминацијата на жените во нејзината земја и решила јавно да го тргне, и тоа за време на емисјата во живо што ја водела. Чинот веднаш бил осуден од ирнаскиот режим, а таа обвинета за неморална жена. Даводи Мохајер во интервју за Радио Слобна Европа раскажува зошто решила да го тргне превезот.

Новинарката Даводи Мохајер во 2006-та, шетајќи се покрај пристаништето во Даблин решила да го тргне превезот и да ја фрли шамијата во морето. Неколку часови размислувала дали да се ослободи од хиџабот по 25 години носење. Наредниот момент гледала како брановите ја носат нејзината шамија.

Мохајер вели дека за момент почуствувала дека нема поубаво чуство од ветерот во косата. Ослободувањето од хиџабот за Мохајер било и ослободување од општествените стеги.

„Видов дека хиџабот е една од алатките кои се користат за да се контролираат жените, а се користи и како средство за репресија. Тоа е како јас го гледам и затоа решив да не го носам.“

Фариба Даводи Мојахер

Мојахер израснала во либерално семејство, но по исламската револуција, по сета пропаганда, книгите што ги читала, одлучила да носи превез, сметајќи дека тоа ќе и даде имунитет во општеството. Неколку години подоцна почнала да се сомнева во носењето на превезот и во другите исламски закони во кои некогаш цврсто верувала. Нејзинате активности и зборувањата за правата на жените доведе до нејзино апсење во 2001-та. Таа поминала 40 дена во затвор - тепана , малтретирана и будно чувана од Иранската револуционерна гарда.

„Бев испитувана од страна на еден чевек со часови. Потоа сфатив дека превезот за нив не значи ништо. Воопшто не им значи на оние кои прво велат дека мора да се носи, а потоа не ги почитуваат тие што го носат.“

По случката, уште повеќе ја зајакнува нејзината кампања за правата не жените и успева да собере еден милион потписи против дискриминаторските закони. Учеството во неколку демонстрации во 2006-та повторна ја носи во затвор. По ослободувањето со кауција, таа го напушта Иран, прво оди во Ирска, а подоцна се преселува во Соединетите Држави. Таму се вработува во телевизија
Со години, жените во Иран се изложени на сите видови насилство во име на религијатаа и ако жената го соблече хиџабот тогаш таа се прогласува за неморална.
каде се емитува и персиска програма. Стравот, срамот, долгите години поминати во општествени синџири, не и дозволиле да се појави пред колегите без шамија. Така додека се појавува на телевизија таа носи шамија, а на работа доаѓа гологлава. Се до еден ден кога решава да го тргне превезот.

Видеото веднаш е објавено на иранските веб сајтови и на Фејсбук, по што иранската влада остро реагирала. Државната телевизија емитувала и документарец во кој Мохајер се опишува како алатка на Западот. По настанот таа добила стотици писма и пораки, некои од нив ја славеле, некои ја осудувале. Мохајер вели дека јавното тргање на превезот било протест против насилството врз жените во исламската република.

„Со години жените кои не носеле хиџаб биле понижувани, затварани, тепани елиминирани од општеството. Не им било дозволено да го кажат своето мислење. Со години, жените во Иран се изложени на сите видови насилство во име на религијатаа и ако жената го соблече хиџабот тогаш таа се прогласува за неморална.“

Даводи Мохајер додава дека таа ги почитува жените кои решаваат да носат хиџаб, но верува дека на жените треба да им се даде избор.