Ване Цветанов вели дека причина за неговата оставка е владината лицемерна политика.
Добив непристоен предлог да си дадам оставка, па во септември да добијам нова функција. Ова стои во соопштението за јавност на Ване Цветанов во кое тој ја приложува својата оставка од функцијата директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во писмената реакција, демантира дека некој му понудил друга функција на Цветанов.
Како главна причина за оставката, Цветанов, во писменото обраќање до премиерот Никола Груевски, не ја наведува Антикорупциската комисија туку „лицемерната политика“ и незаинтересираноста за борба со вистинскиот криминал.
Во соопштението од Владата стои дека на денешната седница, врз основа на препораката на Државната комисија за спречување на корупција, Владата одлучила да го разреши Цветанов, а на негово место, како вршител на должност е именуван еден од вработените во Управата, Владимир Атанасов.
Во своето обраќање Цветанов вели:
„Господине Груевски, во партијата влегов неколку години пред Вас, но не влегов за функција, ниту имам намера да се пазарам за функции. Во партијата влегов со искрени и чесни намери. На функцијата стапив да се борам против вистинскиот криминал кој го гуши и стопанството и народот, но веројатно застанав на многу патишта па ме снајде состојбава.“
Во продолжение на соопштението се вели дека проблемите започнале со бркањето на 20 обучени луѓе минатата година, па потоа посетата на Државниот завод за ревизија и заклучокот на Антикорупцискта комисија која не ја зела предвид втората страна, односно доказите и сведочењата кои ги понудила управата.
Со соопштение се огласи и ВМРО-ДПМНЕ.
„Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се тие кои мораат да ги почитуваат сите законски регулативи. Во тоа правило нема милост, ниту за оние кои се стари, ниту за оние кои се нови членови. Г-дин Цветанов мора да се соочи со фактот дека партиската книшка не му значи ништо ако ги прекршил законите.“
Претседателот на Антикорупциската комисија, Илми Селами вели дека оставката на Цветанов е последица на иницијативата за негово разрешување упатено до Владата пред повеќе од еден месец.
„Дури се работеше овој предмет во Државната Комисија за спречување на корупција, јавноста е сведок на замајување од страна на директорот на Управата за спречување на перење пари се со цел да се пренесе вистинската расправа од тоа што значи реална фактичка состојба на друг терен.“
Тој додава дека сите наводи што се изнесени во соопштението на Цветанов смета дека во најмала рака се несериозни.

Јавноста е сведок на замајување од страна на директорот на Управата за спречување на перење пари се со цел да се пренесе вистинската расправа од тоа што значи реална фактичка состојба на друг терен.