Положувањето на државната матура со просечен резултат од 3,2 покажа дека образовниот систем очигледно има низа недостатоци.
Гледано преку крајниот резултат од 3,2 процентни поени среден успех што го покажа проверката на нивото на знаење стекнато со четиригодишното школување преку државната матура, сугурно не може да бидеме задоволни. Речиси уште два процентни поени не делат од она што значи максумум. Недоволно соодветен приод кон начинот на учење, односно кон начинот на следење и проверување на учениците, се дел од недостатоците во образовниот систем кој доведоа до последните резултати, коментира професор Горица Илиоска од Здружението на директори на средни училишта:
„Значи не сме успеале во глобала зборувам, кај учениците да наметнеме критериум за успех.“
Покажниот успех е послаб од континуираниот успех во четиригодишното школување, а тоа покажува и потреба од носење на закон за професионални квалификации, додава Илиоска, имајќи го предвид проблемот со партиските вработувања на наствниците и професори. Минатата година, 50 проценти од средните училишта во земјава има оценка мегу 1 и 2, а само 3 беа со оценка над четири. Споредено со претходната година има благо подобрување. Се очекува дека резултатите ќе одат нагоре, но тоа само по себе нема да дојде.
„Треба да помине одредено време за да го прифатиме тој систем на проверка на знаење кој нема длабоки корени кај нас“, коментира професор Гале Галев, поранешен министер за образование.
Имаше пероди кога матура воопшто не се полагаше, потоа супституција на матурата беше приемниот испит, а беше воспоставен и модифициран систем. Резултатите од државната матура покажаа дека учениците покажаа несигурност да се пријават да полагаат математика.
„Се повеќе, децата избираат она што им е полесно, а ја знаеме улогата на природните предмети и тоа треба да не загрижи.“
Од над 18 илјади матуранти, 83 проценти избрале да полагаат странски јазици, а само 16 проценти се решиле за математика.
„И податокот од резултатите на мајчиниот македонски јазик, се релативно слаби што исто така зборува за некои пропусти во системот на образованието. Значи има работи што бараат дополнителен труд, залагање на еден цел систем субјекти што треба да бидат внесени во тоа за да дојдат резултатите.“
Ова е трета година од полагањето на државната матура. Министерството најви дека во текот на летово треба да направи интензивни напори да види кои се слабостите во системот во делот на изучувањето на овој предмет.
Значи не сме успеале во глобала зборувам, кај учениците да наметнеме критериум за успех.
„Значи не сме успеале во глобала зборувам, кај учениците да наметнеме критериум за успех.“
Покажниот успех е послаб од континуираниот успех во четиригодишното школување, а тоа покажува и потреба од носење на закон за професионални квалификации, додава Илиоска, имајќи го предвид проблемот со партиските вработувања на наствниците и професори. Минатата година, 50 проценти од средните училишта во земјава има оценка мегу 1 и 2, а само 3 беа со оценка над четири. Споредено со претходната година има благо подобрување. Се очекува дека резултатите ќе одат нагоре, но тоа само по себе нема да дојде.
И податокот покажување на резултатите на мајчиниот македонски јазик, се релативно слаби што исто така зборува за некои пропусти во системот на образованието.