На денешната меѓународна конференција во Кабул, посветена на иднината на Авганистан, претседателот Хамид Карзаи побара од странските партнери подиректна помош за проектите на владата. Донаторите, пак, од авганистанската влада бараат подобро справување со корупцијата во земјата.
За прв пат во Кабул и за прв пат, авганистанската влада е таа што ги претстави нејзините планови за искористување на средствата што ги добива од околу 70 странски партнери како помош за земјата.
Не станува збор за дополнителни средства, туку за подобро искористување на веќе доделените и тоа преку 23 владини програми кои ќе бидат директно финансирани од донаторите.
Досегашната практика беше тоа да се прави индиректно, преку навладини организации и фирми. Тоа е во рамките на таканареченото усогласување, новиот збор што преовладува во врска со развојот на оваа земја. Едноставно тоа значи дека со странските пари повеќе ќе се поддржуваат авганистанските национални програми, од странските.
Се смета дека на таков начин ќе и се помогне на владата во Кабул да добие поголема легитимност меѓу авганистанскиот народ во справувањето со талибанците.
„Она што го бараме е 80 насто од целата помош што доаѓа во Авганистан во наредните две години да бидат усогласени со приоритетите на авганиската влада и народот“, вели министерот за финансии на таа земја Омар Закилвал.
Се проценува дека речиси 80 насто од меѓународната помош што ја примил Авганистан од 2001 година, или околу 29 милијарди долари, не била усогласена со авганистанската влада. Но, конференцијата во Кабул го покрена и прашањето за виското ниво на корумпираност во Авганистан, како и за недоволната транспрентност на владата. Рамазан Башар Дост кој лани беше претседателски кандидат вели:
„Ако владата во Авганистан и функционерите во претседателската палата и во провинциите не беа инволвирани во корупција, тогаш немаше да ни треба никаква невладина организација, странска компанија или Обединетите нации да ни асистираат.“
Но, сосема е очигледно дека во Авганистан расте незадоволството од големата корумпираност. Впрочем, корупцијата, според експертите, им стана најголем сојузник на талибанците во конфликтот.
„Го поставуваме ова специфично прашање: дали корупцијата ги тера луѓето да стануваат бунтовници и постојано ни се појавува дека корупцијата е една од водечките причини за порастот на бунтовништвото. Луѓето се фрустрирани“, вели Нејтан Хепнер, шеф на одделот за антикорупција во НАТО мисијата во Авганистан.

Го поставуваме ова специфично прашање: дали корупцијата ги тера луѓето да стануваат бунтовници и постојано ни се појавува дека корупцијата е една од водечките причини за порастот на бунтовништвото. Луѓето се фрустрирани.
Се смета дека на таков начин ќе и се помогне на владата во Кабул да добие поголема легитимност меѓу авганистанскиот народ во справувањето со талибанците.
„Она што го бараме е 80 насто од целата помош што доаѓа во Авганистан во наредните две години да бидат усогласени со приоритетите на авганиската влада и народот“, вели министерот за финансии на таа земја Омар Закилвал.
Се проценува дека речиси 80 насто од меѓународната помош што ја примил Авганистан од 2001 година, или околу 29 милијарди долари, не била усогласена со авганистанската влада. Но, конференцијата во Кабул го покрена и прашањето за виското ниво на корумпираност во Авганистан, како и за недоволната транспрентност на владата. Рамазан Башар Дост кој лани беше претседателски кандидат вели:
„Ако владата во Авганистан и функционерите во претседателската палата и во провинциите не беа инволвирани во корупција, тогаш немаше да ни треба никаква невладина организација, странска компанија или Обединетите нации да ни асистираат.“
Но, сосема е очигледно дека во Авганистан расте незадоволството од големата корумпираност. Впрочем, корупцијата, според експертите, им стана најголем сојузник на талибанците во конфликтот.
„Го поставуваме ова специфично прашање: дали корупцијата ги тера луѓето да стануваат бунтовници и постојано ни се појавува дека корупцијата е една од водечките причини за порастот на бунтовништвото. Луѓето се фрустрирани“, вели Нејтан Хепнер, шеф на одделот за антикорупција во НАТО мисијата во Авганистан.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5