Етно град Крушево

Учесници во проектот ,,Етноград Крушево„

Денес Крушево преку манифестацијата „Етно град“ ја живее втората туристичка револуција, а во нејзината победа веруваат сите граѓани.
„Или така или така“ е мотото на годинешниот Етно град Крушево, манифестација која има за цел градот да прерасне во развиен туристички центар, а 5000-те жители токму со самовработување да си обезбедат егзистенција. И годинава во 20-дневниот живот на Етноградот ќе се одржат низа настани за да го привлечат вниманието на туристите од целата држава и пошироко од Балканот. И млади и стари во народни носии, како низ времеплов ги одигруваат ликовите на крушевчани, на комитите и османлиите за време на
Се надеваме дека ќе биде уште подобро, бидејќи од година во година како повеќе се афирмира, така повеќе ќе доаѓаат и туристи, ќе биде и поинтересно,а исто така и ќе се зголемуваат настаните што тука ќе се
случуваат.
Манифестација Етно град Крушево
револцијата која се одиграла токму овде пред 100 години. Денес Крушево ја живее втората туристичка револуција, а во нејзината победа веруваат сите граѓани.

„Манифестацијата е од масовен карактер, има многу млади вклучено, тоа е за поздрав, бидејќи тие се тие што ќе го одржуваат самиот настан. Се надеваме дека ќе биде уште подобро, бидејќи од година во година како повеќе се афирмира, така повеќе ќе доаѓаат и туристи, ќе биде и поинтересно,а исто така и ќе се зголемуваат настаните што тука ќе се случуваат“, вели Зоран Николоски, жител на Крушево.

Но, не само тој, речиси сите граѓани учествуваат во проектот. Еве што вели друг крушевчанец кој што ја толкува улогата на Омер Ружди Паша.

„Оваа борба е борба на едно најсофистицирано и современо востание, каде што со заеднички сили, значи на комитите, војводите,
Нам ни е целта Крушево да живее како и сите помали градови во државата, да живеат најнормално, а посебно вакви места.
османлиите, мудурите и кајмакамите со здружени сили за едно поубаво, победничко и побогато Крушево.“

Бубо Каров кој се залага проектот да успее и да се прошири и на другите градови во државата е со оценка дека крушевчани се живо заинтересирани за проектот, сите се подготуваат во пролет, ги поправаат куќите и обезбедуваат сместувачки капацитети за гостите на етно градот.

Фуере-комита

„Ако направиме манифестација која ќе трае два дена, 10 или 20 дена, не сме постигнале ништо. Нам ни е целта Крушево да живее како и сите помали градови во државата, да живеат најнормално, а посебно вакви места.“

Според организаторите, крушевчани ги уживаат првите бенефити на манифестацијата.

„И оваа година борбата продолжува понатаму, го обновуваме старо Крушево, од ден на ден, секој ден е се поголема и поголема победа, бидејќи вредните раце и на жените и на крушевчаните и на сите околни села и градови работат на разубавување на Крушево“, вели организаторот на проектот Ранко Петровиќ, од радио Буба Мара.

А, духот на манифестацијата се чувствува уште при влезот во градот, каде се вее комитското знаме. На секој чекор, на секој агол, во секое кафуле, во старата чаршија се среќаваат млади и стари крушевчани кои ги толкуваат улогите на нивните сограѓани, на револуционерите и поробувачите. Се продаваат бројни сувенири кои асоцираат на револуцијата, а ги изработуваат домаќинките, илјадниците невработени крушевчани. Но, во рамките на проектот едноставно секој граѓанин се препознава, на свој начин дава придонес и остварува извесна заработувачка.