Пораст на социјални случаи во Дебар

Министерот за труд и социјална политика Џелал Бајрами на отворањето на Народна кујна во Дебар во 2008

Во Дебар во пораст е бројот на најзагрозените социјални случаи. Повеќе од 100 луѓе добиваат  секојдневна исхрана во народната кујна во градот.
Во Дебар во пораст е бројот на најзагрозените социјални случаи. Во Центарот за социјални работи, моментално социјална помош добиваат повеќе од 900 семејства со над 3600 членови од кои дел се најзагрозени случаи. Повеќе од 100 лица добиваат секојдневна исхрана во народната кујна која пред една година ја отвори Министерството за труд и социјална политика. Отварањето на народната кујна беше
Наша оценка е дека народната кујна го постигна својот ефект. Моментално во неа се хранат 100 лица и тоа секојдневно. Станува збор за најзагрозени социјални случаи. Лицата од оваа категорија
се бројни.
спас за тешко загрозените лица.

„Наша оценка е дека народната кујна го постигна својот ефект. Моментално во неа се хранат 100 лица и тоа секојдневно. Станува збор за најзагрозени социјални случаи. Лицата од оваа категорија се бројни. Ние овде во кујната нудеме добра храна од која се задоволни и корисниците“, вели директорот на Центарот за социјални работи во Дебар Назиф Бекири.

Директорот Бекири додава дека во последно време, во пораст е бројот на лицата кои бараат да се внесат во списокот за добивање на храна во народната кујна.
Поради овие барања, оваа институција која има меѓуопштински карактер и ги покрива со свои активности општините Дебар и Центар Жупа, има веќе доставено барање до Министерството за труд и социјална политика за зголемување на бројот на социјалци кои би се хранеле во кујната.

„Од ден на ден расте бројот на заинтересираните лица за добивање на храна во оваа кујна. Со оглед на оваа состојба ние како Центар
Од ден на ден расте бројот на заинтересираните лица за добивање на храна во оваа кујна.
доставивме барање до министерството за зголемување на бројот на лицата кои би добивале храна во народната кујна, така што бараме зголемување на бројот од 20 до 30 насто. Истото го имаме предвидено и со програмата за работа на нашиот центар“, објаснува директорот Бекири.

Но, до овој момент според него нема одговор од Министерството. Податоците сепак говорат дека потребите од зголемување на бараната бројка се многу поголеми. Корисниците се задоволни од квалитетот на храната во народната кујна. 32-годишна самохрана мајка која има две малолетни деца одбива да говори на нашиот микрофон и вели дека и е срам да се претстави поради тоа што се храни во оваа кујна. Но, притоа тивко објаснува дека повеќе би сакала таа да добие работа која ја бара, отолку да доаѓа овде и да се храни во народната кујна.