Долго, топло лето

Разладување низ скопските кафе барови

Синоптичарите деновиве предвидуваат температури и до 40 степени. Граѓаните секој на свој начин се разладуваат.
Топло е ама мора да се работи, велат граѓаните. Секој се снаоѓа на свој начин се разладува, некој со клима некој под сенка ама мора да се издржат високите летните температури. Докторите велат дека на здравствени проблеми се жалат само хронично болните луѓе. Засега не се пријавени нови пациенти. Синоптичарите велат дека и наредниве неколку дена не очекува топло и сончево време со темпертури до 40 целзиусови степени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Градска плажа во Скопје



60-годишниот чистач на чевли, Курти Шуршит работи секој ден на сонце, но вели дека мора да заработи некој денар
Оваа работа е улична работа и многу е тешко поради топлото, но мора да се работи за парче леб.
плус, пензијата не му стигнува за секојдневните трошоци.

„Оваа работа е улична работа и многу е тешко поради топлото, но мора да се работи за парче леб. А што имам од ова за 20 денари чистам чевли, од шест сабајле до пет вечер.“

Сметките мора да се платат, па за разладување мислам само кога ќе се вратам дома, вели Шуршит.

Илустрација: Деца се разладуваат во фонтана

„Кога одам дома малку со туш ќе се разладам и друго нема. Кој ќе ти даде вода, вода нема.“

Граѓаните велат дека мора да се снајдат, кој може седи во канцеларија или дома, колку можат го избегнуваат најтоплиот период од денот.

„Станувам од сабајле порано, завршувам некои работи што треба, се туширам, со сладоледче, со пивце и така некако се разладуваам.“
Станувам од сабајле порано завршувам некои работи што треба, се туширам, со сладоледче, со пивце и така некако се разладуваам.

„Тие што се слободни под сенка и не излегуваат, но тие што мора да работат е тешко. Еве на пример, овој човек од градежништвото мора да се качи на скеле и никој не го прашува. Да речеме оние што се во Влада во администрација, нив им е добро во секоја соба имаат клима.“

„На работа е добро, имаме клима.“

Некои го избираат и природниот начин за разладување на организмот.

„Природно, под сенка. Топло, топло, навикнати сме, а и време му е да е топло, жетва е и треба да се собере плодот од нивата.“
Влијае врз организмот, висок притисок, реума, тие нагли промени го прават своето.

„Со крема се мачкам од сабајле и овошје повеќе употребувам во исхраната.“

„Во дворот имаме голем базен, огромни дрвја, куќата е на два спрата со плоча, долниот дел е многу ладен и така.“

Топлото време влијае и врз здравјето:

„Влијае врз организмот, висок притисок, реума, тие нагли промени го прават своето.“

„Имам притисок, срцев болесник сум, имам шеќер.“

Докторите препорачуваат во летниот период луѓето помалку да излегуваат на сонце, да седат во простории каде што темепартурите се до 25 тиоа степен и да пијат многу течности и да јадат што е можно повеќе овошје.