Битола е на прво место од градовите од внатрешноста на државата по бројот на невработени факултетлии и магистри.
Битола е на прво место од градовите од внатрешноста на државата по бројот на невработени факултетлии и магистри, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со мај годинава. Дури 32 магристри и 1748 високообразовни кадри немаат работа. По неа се Куманово, Прилеп и Тетово. Дури 14 отсто од вкупниот број невработени битолчани отпаѓаат на високо едуциран кадар.
„Магистар сум по менаџмент, работам во приватна фирма како секретарка. Со мојата титула не можам да најдам работа и никогаш не ќе можам да си ги повратам средствата што ги потрошив за образованието“, вели една битолчанка.
Инаку во Битола се регистирани повеќе од 17 илјади невработени и таа е на четврто место во државата по број на невработени лица. Опозицијата критикува дека со отварањето на нови факултети ќе расте бројот на факултетлии кои ќе нема каде да се вработат:
„Сега Владата, после потрошено време, после потрошени средства треба да го даде одговорот каде овие луѓе да се вработат. Бидејќи веќе имаме магистри, доктори... Денеска стигнавме до тоа магистратурата да биде само со пет испити, што со овие луѓе кога наместо отварање имаме затварање на работните места, а администрацијата повеќе неможе да прими нови вработени, бидејќи има превработеност“, обвини Горан Милевски од ЛДП.
На Битолскиот Универзитет има 10 високообразовни установи, дисперзирани студии, 30 постдипломски програми. Универзитетот се обидува, преку соработка со стопанството, да обезбеди вработување, но суфицитот на кадри се таложел со години:
„Политиката на слободен упис која беше во 70-80 години каде што беа отварани факултети, таму се запишуваа од тоа место најмногу луѓе и таму се случуваа најмногу невработени. На пример, во Битола Правен факултет имаште тогаш и најмногу невработени имаше, Педагошки имаше и имаше многу невработени учители. Проблем е самата наша држава која што не е голема и стопанството“, вели рекорот Златко Жоглев.
Магистар сум по менаџмент, работам во приватна фирма како секретарка. Со мојата титула неможам да најдам работа и никогаш не ќе можам да си ги повратам средствата што ги потрошив за образованието.