Во Македонија се плаќа најскап зелен картон

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон потребен за патувања надвор од земјата. Додека во земјите од соседството тој чини околу 20-тина евра, во Македонија годишен зелен картон чини 150 евра.
Македонија се уште го има најскапиот зелен картон во регионот. Во околните земји како Србија, Босна и Херцеговина или Словенија, овој документ со кој луѓето може да патуваат со сопствено возило надвор до својата земја не чини повеќе од 20-тина евра. Во Македонија за годишен зелен картон за патничко возило се плаќа 150 евра. Ваквата цена на зелениот картон најмногу ги погодува луѓето кои сакаат да летуваат надвор од земјава.
Повеќе чини зелен картон, отколку гориво за да отидеш до Црна Гора и да се вратиш. Нема
сметка.

„Повеќе чини зелен картон, отколку гориво за да отидеш до Црна Гора и да се вратиш. Нема сметка.„

„Нека го поскапат околу 1000 евра и да неможе никој да ’мрдне‘ од државата. 2450 денари чини за еден месец, 6000 денари за година, односно можеби и повеќе.“

„Во Босна е 20 евра, во Албанија е 20 евра, Грција е 6 евра. Што сме ние, побогати од нив?!“


Цената за осигурување на товарно возило е неколку пати повисока. Генералниот секретар на Асоцијацијата на превозници „Макам-
Со два збора можам да кажам дека некој сеуште несака да си ги напушти своите монополски позиции. Причината што ја кажуваат дека имало мал број на возила, дека 40% не биле регистрирани, па морале да ни пресметаат дупли премии, за жал паѓаат во вода.
транс“, Билјана Муратовска вели дека е неправедно да се плаќа два пати за нешто што во Европа се плаќа еднаш. Муратовска објаснува дека она што го плаќаат возачите при регистрација како автоодговорност е сосем доволна за да ги покрие трошоците, како во државата така и надвор од неа, како што е во Европа.

„Со два збора можам да кажам дека некој се уште не сака да си ги напушти своите монополски позиции. Причината што ја кажуваат дека имало мал број на возила, дека 40 отсто не биле регистрирани, па морале да ни пресметаат дупли премии, за жал паѓаат во вода, се уште ништо не се презема.“

Директорот на Националното Биро за осигурување, Јонче Поповски вели дека секоја година посебно се прават анализи за потребата од промена на цената на зелениот картон. Тој додава дека оваа година се размислува да се укине зелениот картон со што тој би бил вклучен во осигурување од автоодговорност.

„Не можам ништо да зборувам надвор од анализата. Во врска со бројките реков, од една страна имате приход премија, од друга страна имате други трошоци на реосигурување итн, а сите тие трошоци треба да бидат покриени од премијата. Се се тоа приватни компании, никој не дава буџетски средства. Ако евентуално, било кој донесе одлука за намалување, а е надвор од оваа анализа, тоа ќе биде погубно за компаниите.“

Поповски додава дека проблемот сега е точно да се измери колку ќе треба да се намали или зголеми цената на осигурувањето, но бирото се уште нема конкретни информации до каде е целиот процес за менување на цената на зелениот картон.