Раст на криминалот со платежни картички

Кредитни картички

Статистиките велат дека измамата со банковни картички е во пораст во целиот свет. Банките посочуваат на одредени превентивни мерки за заштита: Да не се запишува ПИН-кодот, да се осигура дека никој не го видел додека се внесува, граѓаните да не се потпишуваат на неуспешни трансакциони сметки и да не ги оставаат сметките во фирмата.
Паралелно со зголемувањето на користењето на платежните картички се зголемува и криминалот поврзан со нив. Македонските банки, често ставаат забрани за интернет трговија со македонски платежни картички и со тоа ја елиминираат заканата дека граѓаните, а преку тоа и банките ќе бидат оштетени на овој начин. Најчесто, криминалот со кредитни картички во земјава се случува на терминалите за
Јас сум штедач многу време, имам доверба само ми е страв со овие што ги фалсификуваат картичките, да не ми ги земат парите
плаќање со картичка во фирмите и на банкоматите, каде што криминалците може да ги снимат податоците на луѓето што ги користат картичките на овие места.

Според податоците од Народната банка на Македонија, во земјава има повеќе од 1,3 милиони кредитни картички. Сепак, иако уште од пред пет години најголем дел од вработените во земјава ја примаат платата на картичка, со неа речиси и да не се плаќа и купува, туку се вади готовина. 95 отсто од извршените трансакции се вадење кеш.

Граѓаните, особено оние повозрасните, се поскептични за употребата на платежни картички и преферираат готовина.

„Јас сум штедач многу време, имам доверба само ми е страв со овие што ги фалсификуваат картичките, да не ми ги земат парите.“

„Каква доверба, сите крадат.“


Полициската статистика покажува дека, во првите три месеци годинава, се уапсени 20 луѓе за 19 дела ’оштетување и неовластено влегување во компјутерскиот систем‘. Со фалсификувани платежни картички се украдени 17,4 милиони денари или речиси 300.000 евра. 10 дела се извршени со податоци на странски државјани, а седум дела со кредитни картички со податоци на македонски државјани. Двајца од уапсените се бугарски државјани, додека другите се македонски, покажува анализата на МВР.

Статистиките велат дека
Каква доверба, сите крадат.
измамата со банковни картички е во пораст во целиот свет. Најголемата опасност во последнива години доаѓа од организирани групи и е меѓународен проблем. Податоците покажуваат дека во повеќе од 70 отсто од случаите на измама со банкарски картички жртва е банката, односно таа ги покрива парите за кои сопственикот тврди дека не ги потрошил. Ако трговците ги направиле сите потребни чекори при наплаќање преку кредитна картичка, тие не сносат никаква одговорност. Во спротивно, на нив паѓа целиот товар на надоместување на штетата.
Поради можноста од злоупотреба, банките посочуваат на одредени превентивни мерки кои може да ги преземат граѓаните за да си ги заштитат парите.

Во Стопанска банка велат дека граѓаните треба да ја чуваат и заштитуваат картичката како што би го правеле тоа со готовината. Тие велат дека платежните картички имаат софистициран начин на заштита, кој континуирано се унапредува, меѓутоа, велат тие, криминалот постоел и ќе постои и истиот секогаш се обидува да најде начин да го заобиколи и злоупотреби системот.

„Доколку сепак дојде до злоупотреба на картичката, клиентот го повикуваме да даде изјава во најблиската филијала дека постои сомнеж за неовластени трансакции на неговата картичка по што Банката ќе направи анализа на податоците и доколку се потврдат, клиентот ќе биде обештетен“, велат во Стопанска банка.

Тие нагласуваат дека кражбата од кредитни картички не е масовна појава и дека картичките остануваат најбезбеден начин за секојдневно управување со семејниот буџет.

Банкарите им препорачуваа на граѓаните да не го запишуваат ПИН-кодот од картичката, туку да го запаметат и да не го кажуваат никому и да се осигураат дека никој не може да го види ПИН-от, во моментот кога го внесуваат. Банкарите препорачуваат, граѓаните да не се потпишуваат на сметките за неуспешна трансакција и да не ги оставаат празните сметки во фирмата каде што плаќале, дури и кога тие сметки не се потпишани.