Достапни линкови

Дневен печат - Името ја засени економијата


Во сенка на информациите за спорот околу името, поминуваат вестите од економијата за тоа дека ,,Владата не престанува да трупа внатрешни долгови,, како што насловува,,Дневник,,и ,,Буџетската дупка како бездна,, како што пишува ,,Утрински,,.

Во сенка на информациите за размрзнувањето на односите со Грција, некако, поминуваат вестите од економијата за тоа дека ,,Владата не престанува да трупа внатрешни долгови,, како што насловува,,Дневник,,и ,,Буџетската дупка како бездна,, како што пишува ,,Утрински,,. И двата дневни весника насловите ги поткрепуваат со заклучоците на експертите дека со постојаното задолжување на Министерството за финансии преку продажбата на државни вредносни хартии, всушност, се собираат пари со кои се пополнуваат буџетските дупки. Владата во оваа година се има задолжено, кај домашното стопанство и со еврообврзниците, со околу 400 милиони евра, и тоа со високи каматни стапки, долг што ќе падне на товар на сите даночни обврзници, заклучуват весниците. Паралелно со ова, А1 ТВ во вестите во средата објави информација дека во последниве три месеци низ државава се правеле засилени инспекции и контроли од секаков вид, при што се изрекувале казни и за минимални прекршоци, а на овој начин буџетот е наполнет со околу 40
Пари и кредитни картички
милиони евра, тврди телевизијата. Се разбира, за медиумите беше особено интересно приведувањето на поранешните директори на Фондот за здравство и на Градски аптеки, Ѓорѓи Тренковски и Весна Огненовска, направено во истиот досегашен манир - спектакуларно пред ТВкамерите со силна полициска придружба. Тие се товарат за злоупотреба на 450 илјади евра и им е определен 15-дневен притвор. Медиумите ја објавија и веста за ревизорскиот извештај од финансиското работење на Кабинетот на Бранко Црвенковски за минатата година кога се уште беше претседател на државата, во кој, покрај другото, се забележува дека неговото обезбедување потрошило ненаменски 14 ипол илјади евра за угостителски и хотелски услуги, а 66 илјади евра биле потрошени за исплата на 20 лица ангажирани како надворешни советници на Кабинетот, за што не постоела финансиска евиденција. ,,Нова Македонија,, под наслов ,,Тргни-застани во Преродбата,, објавува широка статија за успесите во остварувањето на ,,Преродбата,, на Владата, но и ги бележи неостварените ветувања. Концесија за аеродромите во Скопје и Охрид, карго аеродром во Штип, доизградба на железничките пруги кон Албанија и Бугарија, модернизирање на Мак-железници со најмалку 100 нови вагони, набавката на 102 двокатни автобуси во Скопје, електронски систем за наплата на патарините, нема инвестиции во гасоводниот систем, нема зголемување на странските инвестиции, се само некои од наброените неисполнети ветувања на владата на Груевски наброени во ,,Нова Македонија,,. Од политиката, сите медиуми во неделата зад нас, постојано го третираат прашањето на решавањето на спорот за името со Грција, објавувајќи брифинг-информации и свои претпоставки за средбата Груевски-Папандреу во Брисел, разногласието за прв пат забележано помеѓу Иванов и Груевски околу референдумот, поканата од Иванов до грчкиот колега Папуљас да ја посети Македонија и изјавата на претседателот на соседната земја дека треба прво да се реши проблемот со името.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG