И одмор и работа

Грција најчеста дестинација за сезонска работа на младите македонци

Сезонската работа во познатите туристички дестинации во соседството станува се поголем избор на младите Македонци. Во Македонија има и агенции кои посредуваат за привремена работа во странство. Тие, на заинтересираните им нудат договор, сигурно работно место и плата.
Светската економска криза удри и по привремените македонски работници во странство. Сепак, младите што редовно заминуваат на сезонска работа во соседните земји велат дека за нив работа ќе има, но ќе биде потешко за оние коишто првпат избрале летото да го поминат работно. Младите од Македонија најчесто заминуваат во Грција. Работат како келнери, шанкери, во рент-а-кар агенции, а дневниците им се движат од 25 до 35 евра. Двесет и пет годишната Љупка Чомовска веќе трета година по ред, летото го поминува во
Пред се да истерам еден убав одмор, да се одморам, а имам и работа и подобри услови за работа има отколку овде и подобро е платено. Така што и шетање и одмор, се во едно ќе имам.
Грција. Сезонската работа за неа претставува шанса не само да заработи некој денар, туку и добие бесплатен одмор и забава.

„Пред се да истерам еден убав одмор, да се одморам, а имам и работа и подобри услови за работа има отколку овде и подобро е платено. Така што и шетање и одмор, се во едно ќе имам.“

Во земјата има и агенции кои посредуваат за привремена работа во странство. Тие им нудат договор, сигурно работно место и плата. Поради економската криза за разлика од лани оваа година има повеќе заинтересирани вели Зоран Кочовски од една агенција за вработување:
Илустрација: Сезонски работници

„Реално она што се очекуваше како голем наплив на побарување од страна на младата популација со можност за времено вработување во странство и оваа година е на многу ниско ниво. Причините се повеќе од јасни, нема традиција кај македонската млада популација пред се кај онаа која е во образовните институции, тоа се многу мал број на млади луѓе кои реално имаат потреба од таква работа.“

Единствено функционира програмата за летна студентска размена со САД. За во Европа иако стапи на сила визната либерализација
Околу илјада студенти секоја година заминуваат на организиран престој во САД. Што се однесува до ЕУ за жал сеуште нема организирани форми на понуда на работна ангажираност.
тешко е да се обезбедат работни дозволи, вели тој:

„Околу илјада студенти секоја година занимаваат на организиран престој во САД. Што се однесува до ЕУ за жал сеуште нема организирани форми на понуда на работна ангажираност за време на летниот период, можат да се најдат одредени понуди само во неколку држави, во Германија и Скандинавските држави, а остатокот од Европа е многу тешко и пред за македонските граѓани на кои им требаат работни дозволи иако постои визната либерализација е уште потешко да се организира таков работен престој.“

Во последно време голем дел од младите, кои се невработени заминуваат на брод, најчесто по шест месеци. Според агенциите освен што заработуваат таму повеќе пари отколку во соседството, тие имаат можност и да ги посетат поодалечените земји.