Битолската опозиција ја обвинува власта дека го турка во загуба Јавното претпријатие Нискоградба. Тие велат дека општината, за комуналните работи, ангажирала приватни фирми блиски до власта, наместо Нискоградба, која поради тоа трпи загуби.
Јавното претпијатие Нискоградба од Битола, основано од општината да се грижи за одржување на улиците во градот, тоне во загуба што се одразува врз одржувањето на патната инфраструктура, обвинија од битолската опозиција. Според нив, загубите достигнаа до 16 милиони денари. За состојбата ја обвинија општината, која според нив, комуналните работи, на тендер, ги давала на приватни фирми блиски до власта, наместо на Нискоградба, каде директорот не е член на ниедна партија.
„Ненаплатените побарувања кои ги има Нискоградба од општина Битола се од прилика десетина милиони денари, пари кои се изработени, потврдени и чекаат на наплата, а се фалиме дека општината има пари. Ова јавно претпријатија за зимска служба добива 2,5 милиони денари, пари кои се минимални во однос на она што може да го добие од општината. Во таа зимска служба дел од поранешните општини, кои сега се во склоп на битолската, се дадени на други фирми.“
„Дел од работите кои се во делокругот на работењето на претпријатието успешно се дислоцираат на други места. Јас не верувам дека е тоа поради стручни причини.“
„За скоро 50 проценти е намален обемот на градежните активности, односно приходите од услуги кон Советот на општината и граѓаните. Дали некој намерно го турка ова претпијатие во пропаст? Или некој преферира дека приватни компании треба да ја работат таа работа, а при тоа и можност за личен процент“, изјавија советниците Валентин Груевски од ЛДП, Томе Наумов и Лилјана Обедниковска од СДСМ.
За директорот Драги Гроздановскиситуацијата не е страшна, зашто немаат долгови, но не ги негира загубите и намалениот обем на работа. Од општината велат дека не се работи за партиски бизниси, туку за законска постапка која мораат да ја почитуваат.
„Има закон за јавни набавки, кој општината мора да го почитува. Вели, доколку цените на јавните претпријатија се поголеми од она што го нудат приватни фирми, ги прифаќаме оние кои се најдобри на тендерот“, вели градоначалникот Владимир Талески.
Загубите, според него, се само ненаплатени обврски кои во текот на годината ќе се надоместат.
Ова јавно претпријатија за зимска служба добива 2,5 милиони денари, пари кои се минимални во однос на она што може да го добие од општината. Во таа зимска служба дел од поранешните општини, кои сега се во склоп на битолската, се дадени на други фирми.
„Ненаплатените побарувања кои ги има Нискоградба од општина Битола се од прилика десетина милиони денари, пари кои се изработени, потврдени и чекаат на наплата, а се фалиме дека општината има пари. Ова јавно претпријатија за зимска служба добива 2,5 милиони денари, пари кои се минимални во однос на она што може да го добие од општината. Во таа зимска служба дел од поранешните општини, кои сега се во склоп на битолската, се дадени на други фирми.“
„Дел од работите кои се во делокругот на работењето на претпријатието успешно се дислоцираат на други места. Јас не верувам дека е тоа поради стручни причини.“
„За скоро 50 проценти е намален обемот на градежните активности, односно приходите од услуги кон Советот на општината и граѓаните. Дали некој намерно го турка ова претпијатие во пропаст? Или некој преферира дека приватни компании треба да ја работат таа работа, а при тоа и можност за личен процент“, изјавија советниците Валентин Груевски од ЛДП, Томе Наумов и Лилјана Обедниковска од СДСМ.
За директорот Драги Гроздановски
За скоро 50 проценти е намален обемот на градежните активности, односно приходите
од услуги.