Подалеку од ЕУ?

Минстрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург, само накратко ја спомнале Македонија, при што, уште еднаш било повторено дека мора да се најде решение за името. Во Македонија, за опозицијата и за повеќето експерти ова е сериозен неуспех за земјата, додека според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за уште едно индиректно грчко вето.
Наместо датум за преговори, вчера од Луксембург Македонија доби порака дека се оддалечува од европскатa агенда и дека за секој нареден чекор е неопходно да испорача резултат од процесот за решавање на спорот за името. Тоа што ЕУ не најде за сходно да не
На тоа гледам, како на слабост на ЕУ. Имено, консензуалниот начин на одлучување во ЕУ ги врзува рацете на ЕУ за да може да менаџира со
процесите.
стави на официјалната агенда, ниту пак да одреди нов рок за текот на белгиското претседателство, кога прашањето би било повторно отворено, за дел од експертите и за опозицијата значи сериозен неуспех. За владејачката партија, пак, тоа е само уште едно и индиректно грчко вето и уште една демонстрација на слабост во одлучувањето на ЕУ.

„На тоа гледам, како на слабост на ЕУ. Имено, консензуалниот начин на одлучување во ЕУ ги врзува рацете на ЕУ за да може да менаџира со процесите“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп Арсов.

За опозицијата, овој студен туш, како што го нарекуваат, е логичен исход на однесувањето на владата во последните шест месеци.
Македонија во моментов асоцира на неуспех и на блокада и никој не би сакал за време на своето претседателствување, за своите шест месеци, тоа сега важи за Белгијците, да се занимава со држава која во старт не покажува минимум волја да се направи прогрес и да се деблокира процесот.


„Македонија во моментов асоцира на неуспех и на блокада и никој не би сакал за време на своето претседателствување, за своите шест месеци, тоа сега важи за Белгијците, да се занимава со држава која во старт не покажува минимум волја да се направи прогрес и да се деблокира процесот“, изјави Владо Бучковски од СДСМ.


Фразата, помогнете ни за да ви помогнеме, повеќе нема да функционира, додава Бучковски, зошто ЕУ со ова покажа меѓу другото и дека го губи интересот за Македонија, не гледајќи можност работите да тргнат од мртвата точка. Уште еднаш ни беше ставено јасно до знаење дека без решавање на спорот за името, нашите евроинтеграции не можат да продолжат понатаму, коментира политикологот Петар Арсовски.

„Не треба да се залажуваме дека без решение на проблемот со името можеме да напредуваме. Многу експлицитно е ставено до знаење и од ЕУ и од Грција дека тоа станува официјален критериум.“

Единсвениот оптимизам кај партииите и кај експертите се темели уште само на ноемврискиот самит на НАТО, до кога тие очекуваат сериозен притисок и ангажман од страна на САД. Доколку се испушти и оваа шанса, велат тие, проблемот на европските и евроатлантските интеграции на замјава ќе се најде пред опасноста од статус- кво во наредните една или две децении.