Мора да има напредок во реформите во судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, доколку годинава сакаме позитивен извештај од Европската Комисија. Британскиот амбасадор Ендру Ки смета дека позитивните моменти од минатата година мора да се задржат, додека за опозицијата состојбите се полоши и не е исклучено годинава да имаме полош извештај.
Пред една недела имаше состанок на Комисијата за асоцијација и стабилизација во Скопје на кој беше разгледан досегашниот напредок на Македонија во однос на исполнувањето на критериумите за напредокот на земјава и беше посочено дека треба да има напредок во неколку сфери, односно судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Амбасадорот на Велика Британија Ендрју Ки изјави дека секогаш има можност за позитивни вести со оглед на тоа што има уште шест месеци до објавувањето на извештајот. Но, дека главните сфери остануваат овие за кои и минатата година на Советот на министри беше посочено дека е важно во нив да се види уште напредок:
„Исто така многу е важно да се задржи моментот во сферите каде што имаше многу позитивна оценка минатата година. На пример имаше многу позитивни забелешки за Собранието и се надевам дека оваа година наскоро ќе се согласат за измените на Деловникот и координација меѓу партиите за да продолжи тоа“, изјави амбасадорот Ки во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.
Средината на годината е момент да се разгледа напредокот и од политичките партии. За Андреј Петров од СДСМ очигледно е дека состојбите се полоши и отворена е можноста да имаме полош извештај од претходната година. Според него загрижувачки се состојбите во судството поради односот на владата, а демонстрираната конструктивност на опозицијата минатата година во поглед на усвојувањето на европските закони за да добиме позитивен извештај не се покажала доволна.
„Незадоволителна е состојбата од аспект на јавната администрација, огромниот број на партиски војници кои се внатре, што претставува душманско трошење на парите на граѓаните без потреба.“
Земјава во континутет го прилагодува општеството, согласно со стандардите на ЕУ, а оваа година владата и Собранието ги усвојуваат законите и ги спроведуваат реформите. Може да се каже дека оваа година ќе доживееме напредок во извештајот, а треба да има подобрување во неколку клучни сфери, изјави Александар Спасеновски од ВМРО ДПМНЕ:
„И се надевам дека оваа година особено во делот на реформите на судството и јавната администрација, Македонија ќе направи исчекор за што сведочат и изјавите што ги добиваме изминатиов период од страна на релевантни меѓународни институции.“
За Нова Демократија од албанскиот блок покрај јавната администрација и судството проблематични се и некои случувања во Собранието:
„Се оценува и работата на Собранието. Нема нели функционирање на Координативното тело кое што претходно беше позитивно оиценето, немаме работа на Комитетот за односи меѓу заедниците на ниво кое што е потребно во самото Собрание, значи и тука оценката ќе биде негативна“, изјави Флора Кадриу.
Исто така многу е важно да се задржи моментот во сферите каде што имаше многу позитивна оценка минатата година. На пример имаше многу позитивни забелешки за Собранието и се надевам дека оваа година наскоро ќе се согласат за измените на Деловникот и координација меѓу партиите за да продолжи тоа.
„Исто така многу е важно да се задржи моментот во сферите каде што имаше многу позитивна оценка минатата година. На пример имаше многу позитивни забелешки за Собранието и се надевам дека оваа година наскоро ќе се согласат за измените на Деловникот и координација меѓу партиите за да продолжи тоа“, изјави амбасадорот Ки во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.
Средината на годината е момент да се разгледа напредокот и од политичките партии. За Андреј Петров од СДСМ очигледно е дека состојбите се полоши и отворена е можноста да имаме полош извештај од претходната година. Според него загрижувачки се состојбите во судството поради односот на владата, а демонстрираната конструктивност на опозицијата минатата година во поглед на усвојувањето на европските закони за да добиме позитивен извештај не се покажала доволна.
„Незадоволителна е состојбата од аспект на јавната администрација, огромниот број на партиски војници кои се внатре, што претставува душманско трошење на парите на граѓаните без потреба.“
Незадоволителна е состојбата од аспект на јавната администрација, огромниот број на партиски војници кои се внатре, што претставува душманско трошење на парите на граѓаните без потреба