Речиси секое кратење на работничките права во изминатава деценија беше под изговор дека така се подобрува бизнис климата и ќе се привлечат странски инвестиции. По цена на бизнис рај, изградивме работнички пекол, велат економските експерти.
Станаа ли македонските работници непотребна жртва во неуспешниот обид за привлекување на странски инвестиции?!
Секоја влада во независна Македонија ги намалуваше работничките права со цел да ја подобри бизнис-климата и да привлече странски инвестиции. Според статистиката на Дуинг бизнис, Македонија навистина ја подобри бизнис климата и сега е на 32 место според тоа колку е лесно да се води бизнис во земјата. Од друга страна, се чини дека странските инвеститори ја заобиколуваат земјава, а поинтересно им е нашето соседство. Македонија е на дното според нивото на странски инвестиции во регионот.
Неодамна излезе од печат анализата на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата насловена „Обезвреднување на трудот“. Авторите на студијата, преку анализа на сите закони и измени и дополнувања на законите донесени во независна Македонија, а што се однесуваат на правата на работниците, утврдиле дека сите досегашни влади континуирано ги намалуваат правата на работниците. Еден од авторите на анализата, професор Здравко Савески вели дека при измените на законите имало и зголемување, но дека поголеми се намалувањата на правата на работниците.
„Секоја година, секоја влада во Македонија, значи и оние влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ и оние влади предводени од СДСМ, ги намалуваа работничките права.“
Работничките права на удар на секоја власт
Авторите на анализата во предговорот оценуваат дека кога власта не може да им овозможи на работниците да користат одредено право, со измени на закон тоа право го укинува.
Работниците кои ги затекнавме на едно од скопските градилишта ни посочија само неколку од примерите кога им се нарушуваат основните права.
„Еве јас на пример кај што работам во врска со работното време ми даваат список да потпишам дека сум примил плата, но таму пишува дека сум работел некои 176 или 180 часа, меѓутоа јас работам секој месец 20-30 часа плус, зошто тие работни часа не се пишуваат? Сум ја прашал секретарката и таа вели: „Ајде потпиши што ти е гајле?!“ Можеби е така, ама јас работам 50 саботи во годината, тоа се 14 работни месеци во годината, а не ми се плаќа.“
„Можеш да ги оствариш некаде своите права? Не можеш да ги оствариш. Сите институции се против вас, ќе те враќаат, ќе ти велат поднеси пријава, таксена марка и само трошоци. Па ќе ти речат чекај 10 дена.“
„Значи јас како општ работник каде да се жалам. Ако отидам да го пријавам или да го тужам мојот газда, значи прво да си поднесам оставка. Се разбира ако отидам на суд прво ќе ми даде отказ, а после ќе се судиме со години и ништо не сум направил.“
Привлекување странски инвеститори на сметка на работничките права
Речиси секое кратење на работничките права во изминатава деценија беше под изговор дека така се подобрува бизнис-климата и ќе се привлечат странски инвестиции. Според рангирањето на Дуинг бизнис, земјава навистина ја подобри бизнис климата. Македонија е на високото 32 место на листата на земји во кои е најлесно да се води бизнис и со тоа е најдобро рангирана земја за деловно работење во регионот. За илустрација, Бугарија е на 44 место, Унгарија на 47, Словенија на 53, Романија на 55, Црна Гора на 71, Албанија на 82, Србија на 88, Хрватска на 103, Грција на 109, Косово на 113 и БиХ на 116 место.
Од друга страна, Македонија е на балканското дно според бројот на инвестиции - и вкупно и по глава на жител. Власта вели дека има заинтересирани инвеститори, но оти поради светската криза тие го одложиле доаѓањето во Македонија. Пред неколку дена, министерот за економија Фатмир Бесими изјави дека до крајот на оваа или почетокот на наредната година, ќе бидат реализирани неколкуте најавени странски инвестиции кои се одложени поради светската економска криза. Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак пред два месеци, на отворена седница на влада, оптимистички најави дека инвестициите само што не стигнале.
„Мислам дека сме на самиот почеток на нов инвестиционен циклус кој ќе почне за наредните години.“
Ден подоцна, премиерот Никола Груевски, на почетокот на изградбата на индустриската зона Бунарџик 2, изјави дека Македонија се подготвува за нови инвестиции.
„Полека кризата ќе намалува, ќе олабавува, чекор по чекор ќе заминува и сакаме подготвени да го дочекаме тој период после една година и да имаме доволен простор на располагање за да не се случи да неможеме некого да прифатиме само затоа што немаме инфраструктура во зоната.“
На светската криза се повикува и Директорот на агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.
Странските инвестиции ја заобиколуваат Македонија
На нашето прашање, зошто и покрај тоа што Македонија е најдобро рангирана за водење бизнис, сепак има најмалку директни странски инвестиции во регионот, во Министерството за финансии ни одговорија дека „констатацијата дека Македонија е последна по странски инвестции е погрешна“.
„Според кумулативниот прилив на странски инвестиции по жител, заклучно со 2009 година, Македонија стои подобро од Босна и Херцеговина, Албанија, Русија, Украина, Молдавија итн.“, велат во Министерството за финансии.
Од друга страна, статистиката покажува дека земјите во регионот се поуспешни во привлекување инвестиции, особено во период на светската економска криза. Според податоците објавени на интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, од 2002 до 2008 година во Македонија влегле околу 2,4 милијарди долари странски инвестиции.
Статистиката на Виенскиот институт за економија, пак, покажува дека во 2009 година во Македонија влегле 181 милиони евра директни странски инвестиции, додека во истиот период во Албанија влегле речиси исто пари колку и во 2008 година, односно околу700 милиони евра, што значи дека во екот на кризата, во Албанија влегле двојно повеќе инвестиции по жител, отколку во Македонија.
Сепак, кризата ги погодила и соседите. Бугарија во 2009 има двојно помалку странски инвестиции отколку во 2008. Во Бугарија, во екот на најголемата криза, во 2009 година влегле „само“ три милијарди евра директни странски инвестиции, што е повеќе отколку во Македонија за повеќе од една деценија!
Опозицијата и дел од експертската јавност сметаат дека членството во НАТО и во ЕУ ќе придонесат за драстично зголемување на директните странски инвестиции. Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека Македонија може да очекува повеќе странски инвестиции кога се интегрираа во НАТО или во ЕУ.
Иако нема дилеми дека членството во НАТО и во ЕУ ќе ги охрабри странските инвеститори да влезат во Македонија, тезата дека инвеститорите ја избегнуваат Македонија само поради тоа што не е дел од евроатлантското семејство има неколку „дупки“. Статистиката на Виенскиот институт за економија покажува дека најуспешна земја во регионот, во поглед на привлекување странски инвестиции е Црна Гора, каде што минатата година се слеала речиси една милијарда евра директни странски инвестиции. Црна Гора е единствената држава во Централна и Источна Европа во која во 2009 има повеќе инвестиции отколку во 2008 година! Црна Гора не е членка ниту на НАТО, ни на ЕУ. Црногорците се апсолутни рекордери и во инвестициите по глава на жител. За разлика од Македонија, каде што инвестициите по глава на жител во 2009 се околу 90 евра, на секој Црногорец во истиот период му дошле по 1500 евра. Србите, пак, примиле директни странски инвестиции од една милијарда и четиристотини милиони евра, односно повеќе од двојно повеќе од Македонците, по глава на жител.
Професор Тихомир Јовановски вели дека ако условите се навистина добри, инвеститорите би дошле.
„Кога трчаат некои стројници за девојка!? Кога е убава, паметна, богата итн. Ако нема таква, тогаш тие ја нудат. Ние нудиме, а штом нудиме се знае - тој што нуди е второстепен.“
Нема инвестиции без стабилна политичка ситуација
Потпретседателот на Обединети за Македонија Ден Дончев вели дека не може да им се дава големо значење на ранглистите што покажуваат која земја е добра за водење бизнис. Не се потребни рејтинг листи, фактите зборуваат сами за себе, вели Дончев. Како еден од основните проблеми тој го наведува судскиот систем. Дончев вели дека реалноста често не кореспондира со тоа што е на хартија.
„Реалните пречки, реалната бизнис клима, бирократија, реалните проблеми со кои се соочуваат странските инвеститори во Македонија, исто така, се многу посложени и поголеми отколку што владата сака да ги објавува или да ги презентира во разно-разни медиуми.“
Економистите велат дека проблемот што не доаѓаат странски инвеститори е пред се во политичката нестабилност, неефикасноста на судството и на државната администрација и на големите бирократски процедури.
Професор Осман Кадриу вели дека странците немаат доверба дека ќе може да си ги остварат правата во Македонија. Неприфатливо е да очекуваме инвестиции на сметка на намалување на правата на работниците, вели тој.
„Не може тоа да биде оправдување и олеснителна околност за да се повикаме на инвестиции, а од друга страна тоа да се одразува врз правата на работниците.“
Професор Здравко Савески посочува дека во име на флексибилноста на пазарот се жртвувани и се жртвуваат правата на работниците, и оти наводниот бизнис рај се гради врз плеќите на работниците! Стварноста покажа дека градењето на бизнис рај истовремено значи и градење на работнички пекол, посочува тој.
„Во Хрватска и во другите земји не дојде до толкаво намалување на работничките права и дури тие добија и економски просперитет. Значи може да се заклучи дека намалувањето на работничките права воопшто не е поврзано со економскиот просперитет на земјата, туку е поврзано со зголемување на социјалните разлики, со намалување на животниот стандард на работниците и дури и рушење на нивното човечко достоинство.“
Според ова, дел од експертите заклучуваат дека правата на работниците се непотребно жртвувани.
Секоја влада во независна Македонија ги намалуваше работничките права со цел да ја подобри бизнис-климата и да привлече странски инвестиции. Според статистиката на Дуинг бизнис, Македонија навистина ја подобри бизнис климата и сега е на 32 место според тоа колку е лесно да се води бизнис во земјата. Од друга страна, се чини дека странските инвеститори ја заобиколуваат земјава, а поинтересно им е нашето соседство. Македонија е на дното според нивото на странски инвестиции во регионот.
Секоја година, секоја влада во Македонија, значи и оние влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ и оние влади предводени од СДСМ, ги намалуваа работничките права.
Неодамна излезе од печат анализата на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата насловена „Обезвреднување на трудот“. Авторите на студијата, преку анализа на сите закони и измени и дополнувања на законите донесени во независна Македонија, а што се однесуваат на правата на работниците, утврдиле дека сите досегашни влади континуирано ги намалуваат правата на работниците. Еден од авторите на анализата, професор Здравко Савески вели дека при измените на законите имало и зголемување, но дека поголеми се намалувањата на правата на работниците.
„Секоја година, секоја влада во Македонија, значи и оние влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ и оние влади предводени од СДСМ, ги намалуваа работничките права.“
Работничките права на удар на секоја власт
Авторите на анализата во предговорот оценуваат дека кога власта не може да им овозможи на работниците да користат одредено право, со измени на закон тоа право го укинува.
Работниците кои ги затекнавме на едно од скопските градилишта ни посочија само неколку од примерите кога им се нарушуваат основните права.
„Еве јас на пример кај што работам во врска со работното време ми даваат список да потпишам дека сум примил плата, но таму пишува дека сум работел некои 176 или 180 часа, меѓутоа јас работам секој месец 20-30 часа плус, зошто тие работни часа не се пишуваат? Сум ја прашал секретарката и таа вели: „Ајде потпиши што ти е гајле?!“ Можеби е така, ама јас работам 50 саботи во годината, тоа се 14 работни месеци во годината, а не ми се плаќа.“
„Можеш да ги оствариш некаде своите права? Не можеш да ги оствариш. Сите институции се против вас, ќе те враќаат, ќе ти велат поднеси пријава, таксена марка и само трошоци. Па ќе ти речат чекај 10 дена.“
„Значи јас како општ работник каде да се жалам. Ако отидам да го пријавам или да го тужам мојот газда, значи прво да си поднесам оставка. Се разбира ако отидам на суд прво ќе ми даде отказ, а после ќе се судиме со години и ништо не сум направил.“
Значи јас како општ работник каде да се жалам. Ако отидам да го пријавам или да го тужам мојот газда, значи прво да си поднесам оставка. Се разбира ако отидам на суд прво ќе ми даде отказ, а после ќе се судиме со години и ништо не сум
направил.
Привлекување странски инвеститори на сметка на работничките права
Речиси секое кратење на работничките права во изминатава деценија беше под изговор дека така се подобрува бизнис-климата и ќе се привлечат странски инвестиции. Според рангирањето на Дуинг бизнис, земјава навистина ја подобри бизнис климата. Македонија е на високото 32 место на листата на земји во кои е најлесно да се води бизнис и со тоа е најдобро рангирана земја за деловно работење во регионот. За илустрација, Бугарија е на 44 место, Унгарија на 47, Словенија на 53, Романија на 55, Црна Гора на 71, Албанија на 82, Србија на 88, Хрватска на 103, Грција на 109, Косово на 113 и БиХ на 116 место.
Од друга страна, Македонија е на балканското дно според бројот на инвестиции - и вкупно и по глава на жител. Власта вели дека има заинтересирани инвеститори, но оти поради светската криза тие го одложиле доаѓањето во Македонија. Пред неколку дена, министерот за економија Фатмир Бесими изјави дека до крајот на оваа или почетокот на наредната година, ќе бидат реализирани неколкуте најавени странски инвестиции кои се одложени поради светската економска криза. Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак пред два месеци, на отворена седница на влада, оптимистички најави дека инвестициите само што не стигнале.
„Мислам дека сме на самиот почеток на нов инвестиционен циклус кој ќе почне за наредните години.“
Ден подоцна, премиерот Никола Груевски, на почетокот на изградбата на индустриската зона Бунарџик 2, изјави дека Македонија се подготвува за нови инвестиции.
„Полека кризата ќе намалува, ќе олабавува, чекор по чекор ќе заминува и сакаме подготвени да го дочекаме тој период после една година и да имаме доволен простор на располагање за да не се случи да неможеме некого да прифатиме само затоа што немаме инфраструктура во зоната.“
На светската криза се повикува и Директорот на агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.
Странските инвестиции ја заобиколуваат Македонија
На нашето прашање, зошто и покрај тоа што Македонија е најдобро рангирана за водење бизнис, сепак има најмалку директни странски инвестиции во регионот, во Министерството за финансии ни одговорија дека „констатацијата дека Македонија е последна по странски инвестции е погрешна“.
„Според кумулативниот прилив на странски инвестиции по жител, заклучно со 2009 година, Македонија стои подобро од Босна и Херцеговина, Албанија, Русија, Украина, Молдавија итн.“, велат во Министерството за финансии.
Од друга страна, статистиката покажува дека земјите во регионот се поуспешни во привлекување инвестиции, особено во период на светската економска криза. Според податоците објавени на интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, од 2002 до 2008 година во Македонија влегле околу 2,4 милијарди долари странски инвестиции.
Статистиката на Виенскиот институт за економија, пак, покажува дека во 2009 година во Македонија влегле 181 милиони евра директни странски инвестиции, додека во истиот период во Албанија влегле речиси исто пари колку и во 2008 година, односно околу
Компаративните искуства покажуваат дека и Албанија кога стана членка на НАТО се зголеми обемот на странски инвестиции. Бугарија, Романија и сите други земји кои што претходно беа од т.н. комунистички земји откога влегоа во НАТО и ЕУ се зголемија значително странските инвестиции.
Сепак, кризата ги погодила и соседите. Бугарија во 2009 има двојно помалку странски инвестиции отколку во 2008. Во Бугарија, во екот на најголемата криза, во 2009 година влегле „само“ три милијарди евра директни странски инвестиции, што е повеќе отколку во Македонија за повеќе од една деценија!
Опозицијата и дел од експертската јавност сметаат дека членството во НАТО и во ЕУ ќе придонесат за драстично зголемување на директните странски инвестиции. Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ вели дека Македонија може да очекува повеќе странски инвестиции кога се интегрираа во НАТО или во ЕУ.
Клик на сликата за поголема верзија. Исечок од соопштението за јавност на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Преглед за директни странски инвестиции во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Македонија на дното.
„Компаративните искуства покажуваат дека и Албанија кога стана членка на НАТО се зголеми обемот на странски инвестиции. Бугарија, Романија и сите други земји кои што претходно беа од т.н. комунистички земји откога влегоа во НАТО и ЕУ се зголемија значително странските инвестиции.“ Иако нема дилеми дека членството во НАТО и во ЕУ ќе ги охрабри странските инвеститори да влезат во Македонија, тезата дека инвеститорите ја избегнуваат Македонија само поради тоа што не е дел од евроатлантското семејство има неколку „дупки“. Статистиката на Виенскиот институт за економија покажува дека најуспешна земја во регионот, во поглед на привлекување странски инвестиции е Црна Гора, каде што минатата година се слеала речиси една милијарда евра директни странски инвестиции. Црна Гора е единствената држава во Централна и Источна Европа во која во 2009 има повеќе инвестиции отколку во 2008 година! Црна Гора не е членка ниту на НАТО, ни на ЕУ. Црногорците се апсолутни рекордери и во инвестициите по глава на жител. За разлика од Македонија, каде што инвестициите по глава на жител во 2009 се околу 90 евра, на секој Црногорец во истиот период му дошле по 1500 евра. Србите, пак, примиле директни странски инвестиции од една милијарда и четиристотини милиони евра, односно повеќе од двојно повеќе од Македонците, по глава на жител.
Професор Тихомир Јовановски вели дека ако условите се навистина добри, инвеститорите би дошле.
„Кога трчаат некои стројници за девојка!? Кога е убава, паметна, богата итн. Ако нема таква, тогаш тие ја нудат. Ние нудиме, а штом нудиме се знае - тој што нуди е второстепен.“
Нема инвестиции без стабилна политичка ситуација
Потпретседателот на Обединети за Македонија Ден Дончев вели дека не може да им се дава големо значење на ранглистите што покажуваат која земја е добра за водење бизнис. Не се потребни рејтинг листи, фактите зборуваат сами за себе, вели Дончев. Како еден од основните проблеми тој го наведува судскиот систем. Дончев вели дека реалноста често не кореспондира со тоа што е на хартија.
„Реалните пречки, реалната бизнис клима, бирократија, реалните проблеми со кои се соочуваат странските инвеститори во Македонија, исто така, се многу посложени и поголеми отколку што владата сака да ги објавува или да ги презентира во разно-разни медиуми.“
Економистите велат дека проблемот што не доаѓаат странски инвеститори е пред се во политичката нестабилност, неефикасноста на судството и на државната администрација и на големите бирократски процедури.
Професор Осман Кадриу вели дека странците немаат доверба дека ќе може да си ги остварат правата во Македонија. Неприфатливо е да очекуваме инвестиции на сметка на намалување на правата на работниците, вели тој.
„Не може тоа да биде оправдување и олеснителна околност за да се повикаме на инвестиции, а од друга страна тоа да се одразува врз правата на работниците.“
Не може тоа да биде оправдување и олеснителна околност за да се повикаме на инвестиции, а од друга страна тоа да се одразува врз правата на работниците.
Професор Здравко Савески посочува дека во име на флексибилноста на пазарот се жртвувани и се жртвуваат правата на работниците, и оти наводниот бизнис рај се гради врз плеќите на работниците! Стварноста покажа дека градењето на бизнис рај истовремено значи и градење на работнички пекол, посочува тој.
„Во Хрватска и во другите земји не дојде до толкаво намалување на работничките права и дури тие добија и економски просперитет. Значи може да се заклучи дека намалувањето на работничките права воопшто не е поврзано со економскиот просперитет на земјата, туку е поврзано со зголемување на социјалните разлики, со намалување на животниот стандард на работниците и дури и рушење на нивното човечко достоинство.“
Според ова, дел од експертите заклучуваат дека правата на работниците се непотребно жртвувани.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5