Експертите и опозицијата сметат дека подобра варијанта за задолжување е аранжман со ММФ, наместо задолжување со еврообврзници. Тие велат дека Владата го избегнува таквиот начин на кредитирање за да ја избегне контролата и да сокрие од јавноста како ги троши буџетските пари.
Народната банка и Владата сметаат дека нема потреба, ни сега ниту во иднина да склучи нов аранжаман со Меѓународниот монетарнен фонд. Експертите и опозицијата велат поинаку, тие сметат дека е подобро да се земат кредити од фондот затоа што се со помала каматна стапка, одошто Владата да се задолжува со еврообврзници. Вицегувернерот на Народна Банка, Димитар Богов вели дека аранжмани со Меѓународниот Фонд склучуваат земји чија економија не е стабилна, за разлика од македонската која успешно ги пребродила сите проблеми затоа што фондот како што вели тој, не е да позајмува пари туку да помогне во реформирањето на политиките.
Од невладината организација „Транспаренстност Македонија“ велат дека токму аранжманот со ММФ ќе го зголеми рејтингот на државата бидејќи ќе има контрола врз спроведувањето на буџетската политика и рационалното трошење на буџетските средства. Ана Јаневска Делева од Транспаренстност вели дека избегнувањето на поволната понуда на ММФ отвара сомнежи дека од буџетот ненаменски се трошат пари.
„Транспарентност Македонија отворено ги прашува Владата и Министерството за финансии, дали во буџетот има незаконско и ненаменско трошење на јавните средства? Зошто се крие, како се трошат буџетските пари? Ова произлегува од тоа што сите знаеме дека завршната сметка на буџетот нема да се разгледува на седницана Собранието.“
Поранешниот Министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека Владата го избегнува кредитирањето од Фондот само за да ја избегне контролата на трошењето на парите од буџетот.
„На оваа влада најтешко и е да ја контролираат дали да се прави лифтот до Милениумскиот крст, а на пример на Тетовскиот државен универзитет учат по приватни куќи и подруми.“
Потпретседателот на Обединети за Македонија, Ден Дончев смета дека секое задолжување покажува дека Македонија води неодговорна фискална политика.Тој додава дека кога веќе постои потреба од задолжување подобро е да Владата да се задолжи со помала камата.
„Очигледно е дека потребата за нови задолжувања продолжува поради внатрешните дисбаланси, посебно од аспект на тенденцијата на оваа влада и понатаму да води фискална политика која е далеку поголема од реалните можности на македонското стопанство и тоа си носи последици преку зголемен трговски дефицит и дефицит на тековната сметка и тоа единствено може да се финансира преку нови задолжувања.“
Експертите велат дека без разлика дали Владата ќе позајми пари од ММФ или од друга европска институција неопходно е тие пари да се користат за развој на стопанството.
Транспарентност Македонија отворено ги прашува Владата и Министерството за финансии, дали во буџетот има незаконско и ненаменско трошење на јавните средства? Зошто се крие, како се трошат буџетските пари?
Од невладината организација „Транспаренстност Македонија“ велат дека токму аранжманот со ММФ ќе го зголеми рејтингот на државата бидејќи ќе има контрола врз спроведувањето на буџетската политика и рационалното трошење на буџетските средства. Ана Јаневска Делева од Транспаренстност вели дека избегнувањето на поволната понуда на ММФ отвара сомнежи дека од буџетот ненаменски се трошат пари.
„Транспарентност Македонија отворено ги прашува Владата и Министерството за финансии, дали во буџетот има незаконско и ненаменско трошење на јавните средства? Зошто се крие, како се трошат буџетските пари? Ова произлегува од тоа што сите знаеме дека завршната сметка на буџетот нема да се разгледува на седница
Очигледно е дека потребата за нови задолжувања продолжува поради внатрешните дисбаланси, посебно од аспект на тенденцијата на оваа влада и понатаму да води фискална политика која е далеку поголема од реалните можности на македонското стопанство