Српската репрезентација побарала од ФИФА нов терен за одвивање на последните подготовки за Мундијалот, бидејќи досегашниот бил лош и опасен за играчите.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Радомир Антиќ побарал нов терен за тренинзи на екипата, бидејќи досегашниот на стадионот на Универзитетот во Јоханесбург бил закана за здравјето на играчите.
„Теренот е многу лош. Тревата е свежа и мека. Здравјето на фудбалерите е загрозено и загрижен сум поради тоа“, изјави Антиќ.
Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија Зоран Лаковиќ изјави дека побарале од ФИФА алтернативно решение, додавајќи оти и други репрезентации имаат такви проблеми.
Србија на Светското првенство игра во групата Д против Германија, Гана и Австралија.