Поплавите кои опустошија дел од посевите и имотите на жителите од Општината Старо Нагоричане нема да ги попречат проектите кои во блиска иднина ќе започнат со реализацијата, велат од локалната самоуправа.
Жителите кои од државата очекуваат помош за санирање на штетите бараат забрзување и на процесот на децентрализацијата. Многумина од нив кои немаат добиток и обработливо земјиште велат дека тешко живеат.
„Тешко се живее. Сопругот е стечаец. Имаме еден хектар земја и живееме од пензија на свекор ми. Немаме ни за лекови“, вели 66-годишната Сунчица Насковиќ.
Нејзиниот сосед Никола Илиќ е пензионер и со пензијата и 5 хектари земја вели дека добро се живее, освен што за секој документ мораат да одат во Куманово. Децентрализацијата доцни.
„Добро е. Може да се живее ако се одгледува и добиток.“
Локалната самоуправа, вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ, работи на развојот на Општината:
„Проектот за реконструкција на комплексот Св.Ѓорѓи во најскоро време ќе започне. Завршната комисија се увери во богатството и убавината на фрескоживописот. Оценето е со највисоки оценки, Министерството за култура го прифати. Првиот грант од европската донација од 420 илјади евра наскоро ќе започне да се реализира, а на есен ќе се реши градежниот дел, архитектурата, хортикултурното уредување, етнолошкиот музеј. Ќе завршат кон крајот на 2011-та година. Бавно оди, но таква е процедурата на ЕУ.“
За бањата Стрновац, покрај по течението на реката Пчиња која претрпе оштетувања од водната стихија, тој вели дека 9 хектари државно земјиште ќе се урбанизира, а преку меѓународен тендер се очекуваат странски компании:
„Кои ќе изградат спортско-рекреативен и спа центар.“
Ветерници во планинскиот козјачки реон исто така се дел од проектите, за што Јовановиќ вели:
„Се надевам дека во најскоро време ќе започне изградбата.“
Не само тоа, туку и:
„Во фаза сме на изградба на индустриска зона на 12 хектари земјиште во близина на магистралниот пат кон Крива Паланка. Мали погони, технологија која не загадаува,а ќе се отворат нови 500 до илјада работни места.“
А кога е вработувањето во прашање жителите од оваа Општина често забележуваат дека приоритетот го немаат тие, туку се носат луѓе од Куманово.
„Ги почитувам моите сожители, но Општината вработува само неопходни кадри. Ако сакаме да ја развиваме ние мораме да вработуваме стручни луѓе кои работат на развојот и промовирањеро на Општината“, вели Јовановиќ.
Тешко се живее. Сопругот е стечаец. Имаме еден хектар земја и живееме од пензија на свекор ми. Немаме ни за лекови.

Во фаза сме на изградба на индустриска зона на 12 хектари земјиште во близина на магистралниот пат кон Крива Паланка.