Македонија недоволно ги користи европските фондови

За полесен пристап на европските пазари, на компаниите во ЕУ и за земјите кандидатки на располагање им е програмата за конкурентност и иновативност „ЦИП“. За жал, податоците покажуваат дека средствата недоволно се искористени иако програмата функционира веќе две години.
Македонија мегу првите земји од регионот уште во 2007 година пристапи кон прoграмата за конкурентност и иновативност со што овозможи институциите и компаниите да аплицираат за сретства од оваа програма:

„Извештајот покажува дека Македонија за жал не пријавила ниту еден проект што за нас е поразително затоа што програмата е достапна веќе две години“, изјави Јадранка Аризановска од Стопанската комора.

На пример според извештајот за 2009 та година Хрватска пријавила 10 проекти,
Извештајот покажува дека Македонија за жал не пријавила ниту еден проект што за нас е поразително затоа што програмата е достапна веќе две години.
Србија која пристапи минатат година пријавила 14 Албанија 3, Словенија 10. За да го помогне процесот на поголема апликативност на компанииите Стопанската комора минатата година формираше Групација на менаџмент консулатанти и трениниг организации во кои покарј совети и информации кој ги добиваат во комората компаниите може да добијат и конкретна помош во подготовка на апликациите:

„Ние прво сами треба да најдеме 100 милиона да ги потрошиме успешно и потоа Европа ќе ни врати 50% назад“, изјави Љупчо Трајковски од Групацијата на менаџмент консултанти.

И од домашните институции зависи колку Македонија ке искористи од расположивите сретства. Стопанската комора исто така утврдува дека и останатите Фондови во земјава е непоходно посериозно да пристапат кон целта:


„Тоа е обврска на Владата, односно на Македонската банка за поддршка и развој. Се надеваме дека многу брзо ќе им се овозможи на компаниите да имаат пристап и до овие финансиски фондови во вид на грантови, кредити итн. Кои се обезбедени од ЕК токму за да ги поддржат ваквите проекти.“
Се надеваме дека многу брзо ќе им се овозможи на компаниите да имаат пристап и до овие финансиски фондови во вид на грантови, кредити итн.

Јован Дабевски претставник на млечната индистрија смета дека има потреба од поголема едукација за подготовка за еврпските проекти

,,Се уште ги примаме со одредени незнаења, со одредени неискуства итн и на тоа се должи немањето на голем број апликации.“

Инаку ИПАРД програмата е особено важна за земјоделските компании.По процесот на децентралзицијата Платежната агенција го распиша конкурсот и деновиве се очекува да ги обајви резулататите. Пријавени се над 150 проекти.