На Источна Европа и на Централна Азија им се заканува „изгубена генерација“. Ова се наведува во најновото издание на Развој и транзиција, објавено од Програмата на Обединетите нации за развој, УНДП и од Лондонската школа за економија.
Според податоците објавени во Развој и транзиција, повеќе од половината испитаници во Украина, Молдавија, Казахстан и Таџикистан изјавиле дека се многу загрижени поради тоа што не можат да состават крај со крај.
Овој дел од населението во Македонија, земја која во моментов е кандидат за членство во Европската унија, се издига на две третини, се наведува во извештајот, во кој се додава дека премногу често мрежите за социјална сигурност не им даваат заштита на оние на кои таа им е најмногу потребна.
Две третини или повеќе од испитаниците велат дека ќе го загубат своето социјално осигурување доколку бидат отпуштени од работа.
„Постигнувањето високо ниво на развојот на човекот не е можно ако големи сегменти на населението остануваат исклучени и се со ограничени можности да учествуваат во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот“, се наведува во написот за димензиите на социјална исклученост во Источна Европа и Централна Азија.
Социјалното вклучување како парадигма е вкоренета во Западна Европа која има социјално демократски традиции, но ретко се применува во земјите во развој и може да помогне за подобро решавање на комплексните проблеми на сиромаштијата.
Најновото истражување на УНДП, исто така, укажува на тоа дека тензиите меѓу богатите и сиромашните почнаа во некои постконфликтни балкански земји, како и во новите членки на Европската унија, да ги престигнуваат етничките тензии како главна закана за социјалната солидарност.
„И покрај страшните наследства оставени од балканските војни во деведесетите години од минатиот век, граѓаните во три од четири земји во Западен Балкан, социоекономските фактори ги доживуваат како главна закана за социјалната кохезија“, се наведува во извештајот во кој се прецизира дека тука станува збор за социјалната неправда и корупцијата.
Во извештајот исто така се истражува и развојот на улогата и политиките на Европската Унија кога станува збор за социјалната вклученост.
Таа, како што се наведува во извештајот, се однесува на процесите да се обезбеди оние што се изложени на ризик од сиромаштија и маргинализација да се стекнат со можностите и ресурсите потребни целосно да учествуваат во општествениот, економскиот и политичкиот живот, и да уживаат во животниот стандард и благосостојба, кои се сметаат за нормални во општеството во кое тие живеат.
Тоа ја потенцира важноста да им се помогне на погодените лица за поголемо учество во донесувањето одлуки кои влијаат врз нивните животи, се заклучува во извештајот на УНДП.

Најновото истражување на УНДП укажува на тоа дека тензиите меѓу богатите и сиромашните почнаа во некои постконфликтни балкански земји, како и во новите членки на Европската унија, да ги престигнуваат етничките тензии како главна закана за социјалната солидарност.