Примена на бадентеров принцип во општина Дебар

Општински советници

Локалната власт во Дебар оценува дека успешно го спроведува принципот на Бадинтер во донесувањето на одлуки кои се битни за сите етнички заедници кои живеат во општината. Бадентер неодамна беше применет и во постапката за утврдување на предлог листата со имиња на улици и други инфраструктурни објекти во општината Дебар.
Советот на општината на својата последна седница ја усвои предлог листата со новите имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Во листата нема веќе ниту едно име поврзано со поранешна Југославија и во најголем број имињата се на народни хериои и дејци од Албанската историја, но има и имиња на народни херои и дејци од Македонската историја.
Го искажувам моето големо задоволство што најдовме заедничко решение ние кои живееме овде во градот од сите етнички заедници. Сметам дека е задоволена законската регулатива за усвојување на оваа одлука.


„Го искажувам моето големо задоволство што најдовме заедничко решение ние кои живееме овде во градот од сите етнички заедници. Сметам дека е задоволена законската регулатива за усвојување на оваа одлука. Но, најважно е што решението е прифатливо од сите кои живеат во општината и како етнички заедници најдовме согласност околу имињата“, вели претседателот на Советот на општина Дебар Низамедин Папранику.

Советникот Шанија Ајровски кој е претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците вели дека принципот на Бадентер е целосно почитуван.
Дебар

„Како претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците сметам дека работата на Комисијата помина во еден најдобар ред со општ консензус. Комисијата е составена од членови од сите националности, предлозите беа прифатени и сметам дека ова е пример како треба да се работи комисиски за одредени прашања во општина со мултиетнички состав. Овде соживотот е во најдобар ред. Бадентер успешно се применува во Дебар. На бројни семинари слушавме како треба да се применува
На бројни семинари слушавме како треба да се применува Бадинтер и ние успешно го применуваме во оваа општина.
Бадинтер и ние успешно го применуваме во оваа општина. Принципот на бадинтер сметам дека треба да се применува редовно за слични одлуки.“

За одлуката на седницата гласаа сите советници на партиите на Албанците, потоа и советниците на СДСМ, ПЕИ и партијата на Ромите додека советникот на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата. Локалната власт по усвојувањето на оваа предлог листа, таа ќе ја упати на мислење до Владата на Република Македонија во согласност со законот. Ова е втор пат локалната власт на Дебар да презема иницијатива за смена на имињата на улиците. Првиот пат беше во 1996 година, кога тогашниот локален Совет донесе одлука, но тогашната Влада не ја прифати листата со доставени имиња, со образложение дека не е почитувана законската рамка.