Амнести Интернешнал го нотира тепањето студенти

Правдата во светот е се уште неостварлива, бидејќи многу влади се ставаат над законот. Ова се вели во најновиот извештај на Амнести Интернешенел, во кој за Македонија се наведува дека полицијата не успеала да ги заштити студентите при анти владините демонстрации за проектот Скопје 2014 како и дека Законот за анти дискриминација не ги задоволи стандардите на ЕУ
Ланското тепање на студентите што протестираа против изградба на црква на скопскиот плоштад се наведува во делот за Македонија од извештајот за состојбата со човековите права во светот за минатата година, на организацијата Амнести Интернејшнал. Тепањето на студентите е посочено како пример со кој се крши слободата на изразување во земјава. Во извештајот на организацијата се наведува дека полицијата не успеа да заштити околу 150 студенти од нападот на голем број контрадемонстранти Истрагата покажа дека полицијата
Тој недостаток од позитивен развој, од аспект на почитувањето на човековите права и слободи доведува до тоа да се зголемува јазот меѓу Република Македонија и развиените демократии
постапила коректно, наведува организацијата. Полицијата поднесе пријави против организаторите на протестот затоа што немале редарска служба и не го пријавиле протестот навреме. За контрадемонстрантите се сметаше дека се собрале спонтано и оти немаат организатор. Судот ги отфрли овие обвиненија. Сепак, за инцидентите на протестот се обвинети 9 демонстранти и 7 контрадемонстранти. Овој процес се уште трае. Еден од учесниците во протестот, Никола Наумоски вели дека тепањето на плоштадот не е единствен туку е само најматеријализиран облик на гушењето на слободата на изразување.

„Ние по тој протест кога бевме тепани, се обидовме да организираме и некои други протести, но бевме спречувани со различни политички методи тоа да го направиме, со етикетирање, со шиканирање.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

SKOPJE - 2014


Во делот на дискриминацијата, организацијата забележува дека Законот за антидискриминација не ги задоволува меѓународните и европски стандарди. Активистката за човекови права, професор Мирјана Најчевска вели дека Македонија не може да се вброи во државите кои стојат многу лошо со почитувањето на човековите права и слободи.
Ние по тој протест кога бевме тепани, се обидовме да организираме и некои други протести, но бевме спречувани со различни политички методи тоа да го направиме


„Она што е проблематично и што загрижува е трендот односно недостатокот од позитивен развој. Тој недостаток од позитивен развој, од аспект на почитувањето на човековите права и слободи доведува до тоа да се зголемува јазот меѓу Република Македонија и развиените демократии.“

Една од главните поенти на годинешниот извештај е повикот на Амнести Интернејшнал, Русија, Кина и САД да го признаат Меѓународниот кривичен суд кој е единствен независен постојан суд што има овластувања да суди за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства:

„Моќните влади, и покрај нивната реторика - зборуваат за важноста на човековите права и борбата против неказнувањето, а кога ќе дојде одлучувачкиот момент, тогаш всушност применуваат двојни стандарди“, вели привремениот шеф на Амнести Интернејшнал Клаудио Кордоне.

Според извештајот на Амнести Интернејшнал, во делови на Европа и Централна Азија се намалува просторот за граѓанскиот сектор.