Американскиот Сенат го прифати законот со кој ќе се воведат најголемите рестрикции за големите банки и за другите финансиски фирми од Големата депресија во триесетите години на минатиот век. Според претседателот Барак Обама, станува збор за важен чекор во зајакнувањето на американската економија.
Законот сега треба да се искомбинира со верзијата од Претставничкиот дом на Конгресот, а потоа како единствена верзија да оди на потпишување кај американскиот претседател Барак Обама.
Тој го пофали нацрт-законот, додавајќи дека со него нема да се задуши американскиот слободен пазар, туку банките ќе работат поодговорно.
„Реформата што ќе ја потпишам нема да ја задуши моќта на слободниот пазар. Таа едноставно ќе донесе предвидливи, одговорни и разумни правила на пазарот.“
Според Обама, со законот во иднина се отвораат можности да се спречи загрозувањето на американската економија во случај на пропаѓање на некоја голема финансиска институција.
Всушност, станува збор за нови начини на контрола на можните финансиски ризици и за олеснување на ликвидацијата на неуспешните фирми.
Целта на новиот закон е да се спречи повторување на финансиската криза од 2008 година која водеше кон тоа даночните обврзници да ги спасуваат банките.
„Со финансиската реформа од американскиот народ никогаш повторно не ќе биде побарано да ја плати сметката за грешките на Вол Стрит. Веќе нема да има спасувачки пакет што ќе го плаќа даночниот обврзник.“
Претседателот Обама исто така обелодени дека финансиската индустрија се обидела да го спречи донесувањето на овој закон.
Според него, финансискиот сектор неколку пати се обидел да ја спречи реформата и оти користел, како што рече, орди лобисти за разводнување на реформата на финансискиот систем. Нивните обиди не успеаја, изјави Обама.
„Како што продолжуваме да излегуваме од рецесијата, оваа реформа е еден важен чекор што ќе ја зајакне нашата економија.“
Законот кој во Сенатот беше одобрен со 59 гласови за и 39 против се смета за голема победа на претседателот Барак Обама.

Со финансиската реформа од американскиот народ никогаш повторно не ќе биде побарано да ја плати сметката за грешките
на Вол Стрит.