Хашкиот трибунал денеска ја отфрли жалбата на Јохан Тарчуловски и на Обвинителството, и ги потврди претходно донесените пресуди кои предвидуваат 12 години затворска казна за Тарчуловски и ослободителна пресуда за Бошковски. Тарчуловски е прогласен за виновен за наредување, планирање и поттикнување убиство за случајот „Љуботен".
Жалбениот судски совет на Хашкиот трибунал денеска ја потврди 12-годишната затворска казна на Јохан Тарчуловски и ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за случајот „Љуботен“.
„Претседавачот на жалбениот судски совет ги отфрла жалбите на Јохан Тарчуловски во целост, ги отфрла жалбите на Обвинителството во целост. Ја потврдува ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски и затворската казна за Јохан Тарчуловски“,рече претседавачот на жалбениот совет.
Овие пресуди се конечни.
Жалби на пресудите поднесоа бранителите на Јохан Тарчуловски и Обвинителството, кое беше незадоволно од ослободителната пресуда на Љубе Бошкоски.
Тарчуловски е прогласен виновен за наредување, планирање и поттикнување на убиство на тројца албански цивили, безобѕирно уништување на 12 куќи и друг имот и сурово постапување кон 13 албански цивили, за време на полициската акција во Љуботен на 12 август во 2001 година. Љубе Бошкоски е ослободен од вина поради комадна одговорност.
Тарчуловски ќе остане во притворот на Хашкиот трибунал додека да заврши процедурата за трансфер во затвор во држава што тој ќе ја одбере. Тој има за отслужување уште нешто помалку од седум години со оглед на тоа дека во 12-годишната затворска казна ќе му биде пресметано и времето што го поминал во притвор во Трибуналот.
Одбраната на Тарчуловски побара тој да биде ослободен од сите обвиненија, бидејќи не е одговорен за полициската акција во Љуботен во 2001, зашто таа била легитимна и според меѓународното право не може да се смета за воено злосторство. Обвинителството, пак, сметаше дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиството на десет припадници на безбедносите сили.
Тарчуловски е во притвоското одделение на Хашкиот трибунал од 16 март 2005, откако два дена претходно беше уапсен во Скопје. Во хашкиот притвор, Бошкоски помина повеќе од три години. Тој беше донесен во Хаг на 24 март 2005, од Хрватска каде што беше во притвор поради случајот Раштански лозја. Судењето почна на 16 април 2007 година. Судскиот совет на 12 јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.
„Претседавачот на жалбениот судски совет ги отфрла жалбите на Јохан Тарчуловски во целост, ги отфрла жалбите на Обвинителството во целост. Ја потврдува ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски и затворската казна за Јохан Тарчуловски“,
Претседавачот на жалбениот судски совет ги отфрла жалбите на Јохан Тарчуловски во целост, ги отфрла жалбите на Обвинителството во целост. Ја потврдува ослободителната пресуда за Љубе Бошкоски и затворската казна за Јохан Тарчуловски.