Меѓународната заедница испраќа и пораки за неопходноста од политички дијалог за решавање на проблемите, посебно поради нивното се појасно укажување за можни негативни тенденции заради одолговлекувањето на решение за спорот за името. Претседателот Иванов викендов ги собра лидерите, но дел од политичките партии сметаат дека тоа е само про форма.
Јунскиот рок да се постигне напредок во спорот за името полека се затвора како, кажано во стилот на европските дипломати, отворена можност да се добие датум за преговори, иако меѓународните пораки со несмален интензитет пристигнуваат до домашните политички актери. Да се работи конструктивно со Грција и да се најде компромис, порача заменик државниот секретар на САД Филип Гордон, слично како што тоа тоа го направи и евроамбасадорот Ерван Фуере. Доколу не се реши прашањето за името и не се продолжи со исполнувањето на реформите важни за иднината на земјата тоа секако ќе има негативно влијание, врз меѓуетничките односи во земјата , како и врз евроинтегративната иднина на земјата. Претседателот Иванов се обиде во саботата да испрати една од можните пораки - дека комуникацијата меѓу политичките лидери во земјава е можна и секој проблем може да се решава со дијалог. Средба е планирана од поддамна и не е последица на меѓународните предупредувања, појаснуваат од кабинетот на Иванов.
СДСМ одржаната средба на лидерите на најголемите партии ја смета само за средба про-форма којашто има за цел само да демонстрира дијалог.
„Проблемите се толку сериозни во државата што за нив треба интензивно да се разговара, а не само да се оддржуваат средби кои треба да покажат дека ете има разговор помеѓу политичките партии“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Крајно време е дијалогот во земјава да профункционира, но оваа работа не е во рацете напретседателот, коментираат од владината ДУИ.
„Потсетувам дека мора да биде тоа посериозно и секако на внатрешниот фактор тоа треба да му биде многу јасно и крајно време е да се однесуваат сериозно и да ги применуваат овие препораки од странскиот фактор“, изјави Тахир Хани од ДУИ.
Подобро е да ги има отколку да ги нема, вели професорот Здравко Савевски во врска со иницијативата на претседателот за ваквиот облик на политичко среќавање. Сепак, на терен треба да се преземат посериозни мерки за реално решавање на проблемите.
„Особено во врска со влошените меѓуетнички односи, значи на терен. Се друго колку и да се разговара, колку и да е позитивно тоа околу средбите, нема да има реална основа на која ќе се подобрува ситуацијата.“
Политичкиот дијалог и кристално чисто досије за реформскиот напредок од коешто се повеќе се оддалечуваме единствено можат да помогнат да се приближиме кон датум за отпочнување преговори и кон подобрии позиции за решавање на спорот за името, додава Савевски. Работиме на краток рок да го решиме прашањето за името и даваме максимум и се што можеме, изјави само кусо вчера премиерот Груевски.
Проблемите се толку сериозни во државата што за нив треба интензивно да се разговара, а не само да се оддржуваат средби кои треба да покажат дека ете има разговор помеѓу политичките партии
СДСМ одржаната средба на лидерите на најголемите партии ја смета само за средба про-форма којашто има за цел само да демонстрира дијалог.
„Проблемите се толку сериозни во државата што за нив треба интензивно да се разговара, а не само да се оддржуваат средби кои треба да покажат дека ете има разговор помеѓу политичките партии“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Крајно време е дијалогот во земјава да профункционира, но оваа работа не е во рацете на
На внатрешниот фактор тоа треба да му биде многу јасно и крајно време е да се однесуваат сериозно и да ги применуваат овие препораки од странскиот фактор