Според експертите, владата мора итно да ги скрати непродуктивните расходи во буџетот. Според нив, само така Македонија може да одбегне, во блиска иднина да треба да ги намалува платите во државната администрација.
Имајќи превид што се случува во соседните земји, а и тоа дека ситуацијата со буџетот кај нас не е многу оптимистична пожелно е да се направат резови во потрошувачката и тоа што поскоро, сугерираат економистите. По драстичните мерки кои ги донесе парламентот на Грција за заздравување на нивната економија и најавите од Романија за намалување на платите на државните службеници, професор Сашо Арсов од Економскиот факултет во Скопје вели дека околностите се различни но дека е подобро да се реагира на време преку извесна рестрикција на расходите.
„Не би рекол дека до таа мерка е дојден проблемот кај нас, се уште. Но, затоа, потребно е да се реагира на време, за да не дојде до тоа. Она што сакам да кажам е дека имаме разни непродуктивни расходи, коишто би требало да се скратат и ако тоа го направиме мислам дека сме далеку од тоа да се кратат платите. Треба тоа да се направи на време.“
Се уште нема точен податок колку за изминатиот квартал изнесува полнењето на буџетот во однос на проектираните приходи и колку изнесува трошењето во однос на проектираните расходи но очигледно е дека има проблеми со поленењето на буџетот што налага владата да биде претпазлива со прибирањето и трошењето на парите, вели Марјанчо Николов од СДСМ
„Не е дојдена ситуацијата да одиме со намалување на платите во јавната администрација, но владата треба да го намали непродуктивното трошење, да ги скрати расходите, да ослободи пари за директна помош за стопанството, како не би се довеле во ситуација во којашто се нашите соседи.“
Дека извесна рестрикција на страна на расходите е пожелна и опозицијата зборува подолго време бидејки заздравуавњето од економската крза не оди со такво темпо за да може да очекуваме наскоро големи приливи во буџетот. Гледаме дека владата се почесто посегнува кон внатрешни и надворешни задолжувања. Исто така треба да се има предвид дека намалувањето на стапката на социјалните придонеси како една од анти кризните мерки почана да дава негативни ефекти врз буџетот, вели Николов
„Веќе во фондот за здравство се случи кратење на платите, има проблеми со обезбедување пари за лекови, што укажува дека не се добри состојбите со приливите во фондовите.“
Усвоените мерки во Грција предвидуваат зголемување на данокот на додадена вредност и на акцизите на горивата, цигарите и алкохолот, како и намалување на платите на вработените во државниот сектор и на пензиите, а во Романија се највува можност од намалување на платите на државните службеници за 25 проценти и на пензиите и социјалната помош за 15 проценти.
... имаме разни непродуктивни расходи, коишто би требало да се скратат и ако тоа го направиме мислам дека сме далеку од тоа да се кратат платите. Треба тоа да се направи на време.
„Не би рекол дека до таа мерка е дојден проблемот кај нас, се уште. Но, затоа, потребно е да се реагира на време, за да не дојде до тоа. Она што сакам да кажам е дека имаме разни непродуктивни расходи, коишто би требало да се скратат и ако тоа го направиме мислам дека сме далеку од тоа да се кратат платите. Треба тоа да се направи на време.“
Се уште нема точен податок колку за изминатиот квартал изнесува полнењето на буџетот во однос на проектираните приходи и колку изнесува трошењето во однос на проектираните расходи но очигледно е дека има проблеми со поленењето на буџетот што налага владата да биде претпазлива со прибирањето и трошењето на парите, вели Марјанчо Николов од СДСМ
„Не е дојдена ситуацијата да одиме со намалување на платите во јавната администрација, но владата треба да го намали непродуктивното трошење, да ги скрати расходите, да ослободи пари за директна помош за стопанството, како не би се довеле во ситуација во којашто се нашите соседи.“
Владата треба да го намали непродуктивното трошење, да ги скрати расходите, да ослободи пари за директна помош за стопанството, како не би се довеле во ситуација во којашто се нашите соседи