Еден месец по стартот на Новата година која започна со повисоки сметки за струја има примери каде сметките не се издржани иако во поголемиот број случаи зголемувањето не е драстично и изнесува околу 10 проценти. Невозможно е семејство кое претходниот месец плаќало шест илјади денари да добие двојно повисоока сметка се наведува во некои од рекциите.
,,Оваа сметка сега што дојде последната, е отприлика 600 до 800 денари повисока за разлика од претходните. Брат ми исто беше во Дистрибуција бидејќи знам дека му дојде сметка за струја од 12 илјади денари, а претходните му беа околу 6-7 илјади денари."
,,Направија читање меѓутоа не ни дадоа сметка и затоа сум дојден да прашам дали се пратени сметките, за да не дојде до исклучување."
Луѓето на кои им биле испорачани високи сметки вината ја бараат при читањето на новите дигитални броила, но општо во своите видувања наведуваат дека тешко успеваат да се справат со притисокот врз нивниот буџет што им го создваат давачките за комуналии:
,,Ако сакаме да се приспособуваме на условите што не чекаат во Европа ќе мора да поскапува и струјата, а стандардот апсолутно не одговара на она што треба да го платиме за електрична енегрија."
Во австриската компанија ЕВН не ги коментираат реакциите на граѓаните кои се однесуваат на сметките за кои граѓаните наведуваат дека се нереални и поради кои објаснувања бараат во подрачните единици. Претставникот на ЕВН Георг Валгнер повтори дека изменетата цена на струјата има економски причини:
,,Тоа ги рефлектира трошоците, или дел од трошоците, на производство, пренос и дистрибуција."
Во меѓувреме ЕЛЕМ и ЕВН потпишаа меморандум за разбирање со кој се регулираат односите меѓу учесниците во купопродажбата на електрична енергија со кој се обезбедува ефикасност и функционалност за енергетскиот пазар. Со ова двете компании успеаја да ги дефинираат и договорат своите односи за кои имаше недоречености во измината година во врска со измените во законот за енергетика, но и натаму остануваат отворени прашања:
,,Бидјеќи проблематиката е доста сложена не е возможно во еден момент да се решат сите несогласувања или проблеми, но битно е дека компаниите денеска се на оваа маса, разговараат меѓу себе, не е потребно да се оди низ судските системи за да се бараат решенија за отворените прашања."
изјави Вицепремиерот Владимир Пешевски. Претставниците на енергетскиот пазар не одговорија прецизно дали со потпишаниот меморандум за разбирање се отвора пат за вонсудско решавање на останатите отворени прашања меѓу двете компании поврзани со тужбата во Вашингтон.
Оваа сметка сега што дојде последната, е отприлика 600 до 800 денари повисока за разлика од претходните
,,Оваа сметка сега што дојде последната, е отприлика 600 до 800 денари повисока за разлика од претходните. Брат ми исто беше во Дистрибуција бидејќи знам дека му дојде сметка за струја од 12 илјади денари, а претходните му беа околу 6-7 илјади денари."
,,Направија читање меѓутоа не ни дадоа сметка и затоа сум дојден да прашам дали се пратени сметките, за да не дојде до исклучување."
Луѓето на кои им биле испорачани високи сметки вината ја бараат при читањето на новите дигитални броила, но општо во своите видувања наведуваат дека тешко успеваат да се справат со притисокот врз нивниот буџет што им го создваат давачките за комуналии:
Ако сакаме да се приспособуваме на условите што не чекаат во Европа ќе мора да поскапува и струјата, а стандардот апсолутно не одговара на она што треба да го платиме за електрична енегрија