Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро вели дека не постои можност за повторување на конфликтот од 2001 година. И домашните експерти се согласуваат со таквата оценка, иако не исклучуваат можност од помали инциденти. Според нив, најдобар одговор на таквите сценарија е продолжување на евроатлантските интеграции.
Меѓународни реакции, откриени огромни количини оружје, комуникеа на ОНА, препукувања меѓу власта и опозицијата за повторување на сценариото од 2001. Сето тоа го отвора прашањето дали безбедноста во земјата е нарушена? Домашните експерти велат дека има индиции за инциденти, но 2001 нема да се случи. Странските набљудувачи велат дека насилството нема да му помогне на никого, а граѓаните со поделени мислења. Во интервју за Радио Слободна Европа, амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро, вели дека не постои можност да се повтори конфликтот.
„Сите следиме со голем интерес. Не мислам дека постои каква и да е можност да се повтори тоа денеска, не во истиот формат и како што претходно реков, многу јасно, насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тој начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница. Во 2010 не треба да има каква и да е употреба на насилството. За се може да се разговара, да се дебатира... Понекогаш прогресот се постигнува бавно, мора да се има трпение. Единсвениот начин да се превенира таква ситуација е да се стави јасно до знаење дека какво и да е насилство нема да му донесе корист никому.“
Професор Владо Поповски вели дека конфликтот од 2001 нема да се повтори, но не се исклучени некои помали инциденти.
„Но, мислам дека на граѓаните им дојде преку глава, конфликт од типот на 2001 година и на Албанците и на Македонците, како граѓани. Второ, мислам дека масовни формации тешко можат да се соберат надвор од граѓанското тело. Значи, мислам дека нема да има повторување на 2001 година, но инциденти сигурно се можни.“
Професор Назми Малиќи вели дека не е исклучена можноста од нарушување на безбедноста во земјата, но политичарите треба да водат сметка и да не го дозволат тоа.
„Доколку ние сакаме да ги игнорираме интегративните процеси, додека ние сами сакаме да го спречиме патот за зачленување во ЕУ и НАТО има и можност да се повторат инциденти. Можеби постојат индикации и за пореметувања и за внатрешните односи и секакви други несакани последици.“
И новото анкетно прашање на нашата интернет страница се однесува на безбедноста во земјата. Вие имате можност да одговарате на прашањето: Дали сметате дека безбедноста во Македонија е загрозена? Повеќе од 48 отсто од анкетираните гласале со ДА, 41 процент со НЕ, а речиси 10 отсто одговориле со НЕ ЗНАМ.
Насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тој начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница.
„Сите следиме со голем интерес. Не мислам дека постои каква и да е можност да се повтори тоа денеска, не во истиот формат и како што претходно реков, многу јасно, насилството нема да му помогне на никого. Тие што мислат дека на тој начин ќе постигнат нешто, ќе наидат на осуда од меѓународната заедница. Во 2010 не треба да има каква и да е употреба на насилството. За се може да се разговара, да се дебатира... Понекогаш прогресот се постигнува бавно, мора да се има трпение. Единсвениот начин да се превенира таква ситуација е да се стави јасно до знаење дека какво и да е насилство нема да му донесе корист никому.“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го разгледува запленетото оружје кај Блаце изложено во касарната Илинден во Скопје
Професор Владо Поповски вели дека конфликтот од 2001 нема да се повтори, но не се исклучени некои помали инциденти.
„Но, мислам дека на граѓаните им дојде преку глава, конфликт од типот на 2001 година и на Албанците и на Македонците, како граѓани. Второ, мислам дека масовни формации тешко можат да се соберат надвор од граѓанското тело. Значи, мислам дека нема да има повторување на 2001 година, но инциденти сигурно се можни.“
Мислам дека нема да има повторување на 2001 година, но инциденти сигурно се можни.