Илјадници протестираат во Солун и Атина во знак на незадоволство од владините мерки за рестрикции на трошењето. Полицијата интервенира со шок-бомби и солзавец.
Инцидентот во кој денеска загинаа тројца луѓе во Атина е „акт на убиство“, рече денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Инцидентот се случи во банка во центарот на Атина, откако демонстранти го запалиле објектот фрлајки молотови коктели.
„Шокирани сме од смртта на тројца наши сограѓани. Тие се жртви на суров убиствен акт. До таму води неконтролираното насилство и политичката неодговорност“, рече Папандреу.
Илјадници луѓе се собраа денеска во Атина, за да го изразат незадоволството од владините мерки за штедење, усвоени со цел земјата да го добие пакетот помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Станува збор за најголем пакет помош кој Унијата го има одобрено до сега, тежок 110 милијарди евра.
Жителите на Грција се загрижени дека рестриктивните мерки на власта ќе ги зголемат даноците и ќе ги скратат пензиите.
Освен во Атина, протести избија и во Солун, каде полицијата интервенира со солзавец и шок-гранати. Протестите се одвиваат во услови на генерален штрајк на јавната администрација, поради кој во изминативе 24 часа блокирани се летовите и повеќето јавни сервиси не работат.

Тие се жртви на суров убиствен акт.