Македонската економија почнува да заздравува

Прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески гувернерот на Народна банка Петар Гошев и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Весли Меккргу

Македонската економија почнува да заздравува, но првите знаци на тоа заздравување се уште даваат слика која има има позитивни и негативни индикатори. Ова е заедничкиот заклучок по разговрите со претствникот на ММФ за Македонија, Весли Мекгру, кој со неговиот тим измнататите десет дена претстојуваше во земјава.
Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека остануваат проекциите за 2010 годиан дека економијата ќе оствари раст од 2 проценти, врз основа на очекувањата за подобрување на екстерната побарувачка, порастот на европската економија до 1 процент и очекуваното
Последните информации што ги имаме од реалниот сектор и од компаниите од реалниот сектор се охрабрувачки, иако повторувам, има знаци, посебно случувањата во соседна Грција и во некои други европски земји кои упатуваат дека има ризици и во однос на реалниот сектор.
умерено заздравување на домашната потрошувачка во втората половина и при крајот од годината.

„Последните информации што ги имаме од реалниот сектор и од компаниите од реалниот сектор се охрабрувачки, иако повторувам, има знаци, посебно случувањата во соседна Грција и во некои други европски земји кои упатуваат дека има ризици и во однос на реалниот сектор.“

Шефот на ММФ Весли Мекгру изјави дека нема место за загриженост оти кризата од Грција ќе се прелее во Македонија и дека може да влијае врз банкарскиот сектор и економската состојба. Банкарскиот сектор и банките со грчки капитал се добро капитализирани, значи не го вклучуваат долгот на грчката влада и нивното потпирање врз матичните банки е многу мало, оцени претставникот на ММФ
Министерот за финансии Зоран Ставревски и гувернерот на НБМ Петар Гошев

„Може да има влијание врз трговијата со Грција како последица на кризата во Грција и ако секако има прелевање на кризата во други земји во Европа, тоа ќе влије врз економскиот раст во Македонија.“


Сега имаме ситуација кога светската економија се подобрува, а имаме влошување на ситуацијата во една соседна земја. Тоа може да влијае на бројките на БДП, но не може да дојде до загрозување на финансискиот
сектор.
Ова беше суштината и на одговорот на Гувернерот на народната Банка Петар Гошев.

„Сега имаме ситуација кога светската економија се подобрува, а имаме влошување на ситуацијата во една соседна земја. Тоа може да влијае на бројките на БДП, но не може да дојде до загрозување на финансискиот сектор.“

Инаку Ставревски рече дека владата останува на намерата за задолжување по пат на евро-обврзница и оти тоа може да се случи во втората половина на годината. Каматната стапка за задолжување кај ММФ изнесува 1,5 проценти и зависи од висината на позјмицата.

Од претходно подигнатата евро-обвезница во 2009-та досега се потрошени 70 милиони евра, односно остануваат уште 100 милиони, рече Ставрески.

Според министерството за финансии има подобрување во однос на платниот биланс. Очекувањата се дефицитот на тековната сметка на платниот биланс да изнесува околу 6 проценти од БДП . Во делот на фискалната политика, владата ќе го реализира проектираниот буџетски дефицит за ова година од 2,5 од БДП. Во првите месеци од годината, приходите биле пониски од проектираните, но очекувањата се дека од месец во месец, како постепено ке се подобрува општата економска состојба и на приходната страна на буџетот тоа да се рефлектира.