Откриен нов бункер со оружје кај Блаце

Запленетото оружје

Противтенковски мини, рачни фрлачи на гранати, тешки митралези, разни видови на експлозиви, меѓу кои и пластичен експлозив, детонатори , запленила полицијата во акцијата кај преминот Блаце на македонско-косовската граница. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска во касарната Илинден го покажа запленетото оружје и изјави дека количината на оружјето покажува дека групата можела да биде закана не само за Македонија.
„Се работи за група која има потенцијал да направи поголеми закани за општата безбедност на граѓаните. Се работи за ектремистичка
Се работи за група која има потенцијал да направи поголеми закани за општата безбедност на граѓаните. Се работи за ектремистичка група чија цел не е исклучиво Република Македонија, туку има за цел дејствување во поширокиот регион.
група чија цел не е исклучиво Република Македонија, туку има за цел дејствување во поширокиот регион.“

Министерката изјави дека граѓаните не треба да бидат вознемирени, бидејќи ја контролираат безбедноста на
целата територија. Три бункери биле откриени вчера кога дошло и до престрелка со луѓето кои го чувале оружјето. А, специјалните полициски сили денеска откриле уште еден бункери во местото „Бањански рид“. Освен оружје, запленети се и мапи, мобилни телефони, воена облека, храна, а го покажаа и лебот кој во моментот кога го заплениле сеуште бил свеж. Вчера имаше информации дека луѓето кои го чувале оружјето најверојатно пребегале во Косово. А се зборуваше и дека еден од нив бил ранет во престрелката. Косовската полиција денеска кај Качаник уапсила седум лица, осомничени за трговија за оружје , но ниту од македонска , ниту од косовска страна не потврдија дека тие луѓе биле вклучени во инцидентот кај Блаце.

„ Можам да го потврдам нашиот случај, на нашата страна. Уапсени се седум лица од службите на УНМИК, но за случајот со Блаце не знам и не можам да потврдам дали има ранет таму“, вели Баки Кељани портпарол на косовската полиција“

Дел од оружјето пронајдено на македонско-косовската гнаница е од кинеско потекол, дел од југословенско, а има оружје со потекло од Чешка.