Лани е забележано намалување на слободата на печатот низ целиот свет. Ова се наведува во извештајот на Фридом хаус, невладина организација со седиште во Вашингтон која го подржува ширењето на слободата во светот. Македонија со рејтинг 46 и натаму останува земја, делумно слободна за печатот.
Печатот во светот стана помалку слободен во 2009 година. Меѓу најлошите се Туркменистан, Узбекистан, Белорусија и Иран, се наведува во најновиот извештај на Фридом Хаус, организација која годишно ја мери слободата на печатените и на електронските медиуми, како и на интернетот во 196 земји.
Македонија е оценета како делумно слободна и се најде на 94 место на листата. Од земјите од поранешна Југославија, пред Македонија се Србија, Црна Гора и Хрватска.
„Оваа година, откривме, на глобално ниво уште една година на криза. Ова беше осма година по ред, на глобален негативен тренд“, вели директорот на Фридом Хаус Кристофер Вокер, во врска со извештајот во кој се прави еден вид пласман на секоја земја врз основа на правни, политички и економски фактори.
Притоа се земаат предвид и прописите со кои се ограничуваат медиумските содржини, притисокот на владата врз уредувачката политика, заплашувањето на новинарите, но и сопственичката структура на медиумите.
Наодите покажуваат дека во 2009 година, само еден од шест луѓе во светот живееле во земја со слободен печат, што претставува благо опаѓање во светот во споредба со претходната година.
Иран, кој од 1982 година ја има оценката неслободна земја за медиумите, го доби својот најлош рејтинг во 30-годишната историја на истражувањето. Тоа, како што се наведува, е одраз на широката владина операција врз новинарите по спорниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Десетици новинари, фотографи и блогери останаа во иранските затвори, некои обвинети за кривични дела кои носат и смртна казна. Иран постојано блокира сателитски преноси и ја ограничува интернет и мобилната комуникација. Во Русија владата ја задржала контролата врз речиси сите медиуми и веќе седма година по ред го добива рејтингот неслободна земја за печатот и е на 175 место на листата.
„Освен што новинарите идивидуално се под закана, и инфраструктурата на медиумите е под контрола на владите, така што таму не постои плурализам на релевантни вести и информации“, вели Кристофер Вокер.
Фридом Хаус забележува дека лани продолжил и трендот интернетот да се става под државна контрола. Интернет-цензурата посебно беше карактеристична во Кина, Иран и Казахстан.
Инаку, земјите од Скандинавија и натаму се на врвот на листата, со најголеми нивоа на слобода на печат во светот.

Освен што новинарите идивидуално се под закана, и инфраструктурата на медиумите е под контрола на владите, така што таму не постои плурализам на релевантни вести и информации.