Меѓународните претставници во земјава повикуваат на решение на спорот за името, на доследно спроведување на Рамковниот договор и на интензивирање на политичкиот дијалог и реформите. ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста, овие препораки ги оцени како добронамерни, но оти сите забелешки се однесувале на опозицијата и оти таа требало да ги прифати.
Американскиот амбасадор Филип Рикер денеска изјави дека е време да се најде решение за спорот за името со Грција.
„Без решение, мислам дека иднината на Македонија останува под прашалник. Мислам дека е време да се фокусирате на тоа кое решение е прифатливо, а не на тоа кое е неприфатливо. Часовникот отчукува. Важно е тоа да се направи сега.“
Рикер уште еднаш ја нагласи и потребата за спроведување на Рамковниот договор.
Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во Скопје, во вчерашната заедничка писмена изјава, ги повикаа сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог и реформите.
Евроамбасадорот Ерван Фуере вели дека тие сметаат дека неодамнешните тврдења дека Рамковниот договор е мртов, не се од корист.
„Исто така да ја потсетиме и Владата и сите политички лидери за одговорноста што ја има оваа земја на патот кон интегрирањето во ЕУ и во НАТО, како и на одговорноста во поглед на импементацијата на рамковниот договор и дополнителните напори што се потребни во таа насока. Тоа е духот на нашата порака.“
ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција наведува дека ги разбира и уважува укажувањата од страна на меѓународната заедница и истите ги цени за добронамерни.
ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите сугестии и забелешки и упатува апел и до опозицијата, за која, според ВМРО-ДПМНЕ впрочем се однесувале најголем дел од забелешките на меѓународната заедница, да ги прифати истите и со должна сериозност да постапи согласно нивните препораки.
Дел од опозиционите партии мора да се однесуваат одговорно кон државата и државните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.
Портпаролката на коалициониот партнер ДУИ, Ермира Мехмети Деваја вели дека писмото од меѓународните институции доаѓа во вистинско време.
Таа посочува дека посветеноста на рамковниот договор и политичкиот дијалог се клучни во период кога од земјава се очекува, како што вели, „тежок компромис“ за името.
„Ако треба да ја упростиме пораката, таа би требало да гласи вака, меѓуетничкиот мир, внатреетничкиот мир се предуслови за интеграцискиот процес, поточно за функционален ефективен компромис со Република Грција како предуслов за интеграции.“
Според опозицискиот СДСМ, ваквиот начин на комуникација од четирите клучни субјекти на меѓународниот фактор е крајно загрижувачки и оти покажува дека земјата не се движи во вистинска насока. Пратеникот Сулејман Рушити од Нова Демократија, пак, смета дека обраќањето е добронамерно и неопходно.

Без решение, мислам дека иднината на Македонија останува под прашалник. Мислам дека е време да се фокусирате на тоа кое решение е прифатливо, а не на тоа кое е неприфатливо. Часовникот отчукува. Важно е тоа да се направи сега.
Рикер уште еднаш ја нагласи и потребата за спроведување на Рамковниот договор.
Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и на САД во Скопје, во вчерашната заедничка писмена изјава, ги повикаа сите политички лидери да ја потврдат својата целосна посветеност кон Охридскиот рамковен договор и кон јакнењето на политичкиот дијалог и реформите.
Евроамбасадорот Ерван Фуере вели дека тие сметаат дека неодамнешните тврдења дека Рамковниот договор е мртов, не се од корист.
„Исто така да ја потсетиме и Владата и сите политички лидери за одговорноста што ја има оваа земја на патот кон интегрирањето во ЕУ и во НАТО, како и на одговорноста во поглед на импементацијата на рамковниот договор и дополнителните напори што се потребни во таа насока. Тоа е духот на нашата порака.“
ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција наведува дека ги разбира и уважува укажувањата од страна на меѓународната заедница и истите ги цени за добронамерни.
ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа сите сугестии и забелешки и упатува апел и до опозицијата, за која, според ВМРО-ДПМНЕ впрочем се однесувале најголем дел од забелешките на меѓународната заедница, да ги прифати истите и со должна сериозност да постапи согласно нивните препораки.
Дел од опозиционите партии мора да се однесуваат одговорно кон државата и државните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.
Портпаролката на коалициониот партнер ДУИ, Ермира Мехмети Деваја вели дека писмото од меѓународните институции доаѓа во вистинско време.
Да ја потсетиме и Владата и сите политички лидери за одговорноста што ја има оваа земја на патот кон интегрирањето во ЕУ и во НАТО.