Достапни линкови

Фуере предлага итни билатерални разговори со Грција


Ерван Фуере
Ерван Фуере

Според евро-амбасадорот Ерван Фуере со јавни изјави од страна на Македонија и Грција прашањето за името нема да се реши. „Тоа може да води само кон недоразбирање“, вели Фуере и додава дека изјавата на премиерот Груевски само ја потенцира итноста од билатерални разговори меѓу Македонија и Грција.

Изјавата на премиерот дека при евентуален предлог Република Северена Макеоднија за севкупна употреба, тој би бил гласал против на референдум, според евроамбасадорот Ерван Фуере ја потенцира итноста од продолжување на билатералните разговори меѓу Македонија и Грција.
Со јавни изјави од двете страни, прашањето нема да се реши. Тоа може да води само кон недоразбирања, и затоа тоа според мене потенцира дека апсолутно е неопходно двете страни да седнат , да преговараат и да најдат решение.


„Мислам дека оваа изјава ја потенцира итноста од билатерални разговори меѓу Македонија и Грција. Со јавни изјави од двете страни, прашањето нема да се реши. Тоа може да води само кон недоразбирања, и затоа тоа според мене потенцира дека апсолутно е неопходно двете страни да седнат, да преговараат и да најдат решение.“

Фуере потсетува дека можноста да се најде компромис е се уште отворена и треба да се искористи, при што не треба да се заборават и реформите. За референдум, според него, е рано да се зборува кога се уште не е постигнато решение. На тоа сите се надеваме, одговори на прашањето врзано за оптимизмот на шпанскиот шеф на дипломатијата Моратинос, но како што рече рокот до јуни е навистина многу кус.

Експертите поделени - датум за преговори до јуни?

По последните најави на премиерот дека од медијаторот се очекува преговорите за името да продолжат во мај, очекуваниот јунски рок за доаѓање до решение предизвикува се повеќе дилеми. Конкретните датуми ќе ги одреди медијаторот и тие и натаму остануваат непознати како што и денеска одговараат од Министерството за надворешни работи. Експертите се поделени околу очекувањата. Едни
По последните јавни настапи, тоа во некоја рака и се потврдува, дека не можеме да очекуваме чуда до јуни. За жал, тоа што можам да видам е дека нашата дипломатија се пренела во медиуми. Наместо јавноста да биде вклучена во дебатата околу можните решенија, јавноста се вклучува во самите преговори
велат дека јунскиот рок не само по ваквите најави туку и со оглед на претходните искуства, а со оглед на видливата неподготвеност и отсуство на политичка волја кај двете страни е недостижна цел.

„По последните јавни настапи, тоа во некоја рака и се потврдува, дека не можеме да очекуваме чуда до јуни. За жал, тоа што можам да видам е дека нашата дипломатија се пренела во медиуми. Наместо јавноста да биде вклучена во дебатата околу можните решенија, јавноста се вклучува во самите преговори, а дебата во врска со тоа прашање не се развива“, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Според него, донесувањето на одлуките во вака кус период е уште поопасно, зошто во таква сосотојба се ограничува можноста решението да биде избрзано и најмалку во интерес на македонската страна.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле е оптимист, слично на најавите од шефот на дипломатијата на земјата претседавач со Унијата, Шпанија дека јунскиот рок ќе биде запазен и дотогаш ќе имаме некаков позитивен исход од целиот процес, а Македонија ќе добие датум за отпочнување преговори со Унијата. Тој очекува дека зад оптимизот на искусниот, како што вели, дипломат и познавач на регионот, Моратинос, се крие решеноста на Европа да го одблокира процесот што според него ќе се постигне само со издвојување на евроинтегративниот процес од процесот на изнаоѓање компромис за името:
Процесот на интегрирање на Република Македонија ќе биде деблокиран или со времената спогодба и референцата ПЈРМ, или со замена на референцата со композитно име, со сложено име.

„Процесот на интегрирање на Република Македонија ќе биде деблокиран или со времената спогодба и референцата ПЈРМ, или со замена на референцата со композитно име, со сложено име.“

Според Чашуле, на ова се должи и одложувањето на одамна закажаните средби на Нимиц со преговарачите. Меѓу другото овој процес тој очекува дека ќе продолжи уште многу години се` до наоѓање взаемно прифатливо решение. Премиерот деновиве изјави дека очекува прифатлив предлог од медијаторот Метју Нимиц во мај, за потоа да за него да се изјаснат граѓаните на референдум. Тој рече и дека во целиот овој период, Нимиц контактира со двајцата преговарачи. Тој додаде и дека Владата останува посветена во изнаоѓање на решение со кое ќе се надмине спорот со Грција и со кое ќе се деблокираат преговорите за членство во ЕУ и членството во НАТО на начин што ќе биде прифатлив на сите граѓани на Македонија.
XS
SM
MD
LG