Бранителите, учесници во конфликтот од 2001 година формираа своја Унија. Тие се одделуваат од сегашното Здружение на бранителите од конфликтот во 2001 година „Достоинство“, бидејќи како што велат, ова здружение влегло во политички води.
Незадоволни од настапите и однесувањето на дел од раководството на Здружението на бранителите во конфликтот во 2001 година „Достоинство“, во Куманово, осум здруженија формираа Унија на бранителите, која ќе се залага за остварување на нивните права, без заземање страна на која и да е политичка или партиска опција. Тие потпишаа меморандум, кој според претседателот на кумановското здружение „Бранители од 2001“ Предраг Петрушевски Бинго се однесува на:
„Заедничка соработка за заеднички неполитички и непартиски настап за исполнување на нашите права. Ние не сме за поделби. Ние сме за обединување.“
изјави Петрушевски. Причината за формирање Унија на бранителите е, бидејќи:
„Достоинство до сега се претставуваше како бранител на правата на бранителите, но раководството почна политички да се однесува,што е против статутот и сите статути на здруженијата на граѓани.“
Претседателот на Здружението на бранителите „Бедем“ од Кичево, Горан Димоски вели:
„Ние се одделивме од „Достоинство“, бидејќи тоа влезе во некои политички води.,,
Конкретно?
„Конкретно кога имавме Собрание, неговото започнување започна со доцнење од 40 минути поради некои наводно технички проблеми. Кога влезе Љубе Бошкоски сите проблеми истиот момент беа отстранести. Ние не сме за ниту еден политичар. Не може „Достоинство“ да се бори за правата на сите освен за своите, а оваа Унија ќе биде еднинствена која може да ги поставува брањата пред Владата на РМ.“
Унијата на бранителите очекува да и се приклучат и останатите здруженија кои се единствено за остварување на нивните права. Претседателот на Здружението „Достоинство“ Стајнче Ангелов неодамна ги отфрли сите етикетирања за припадност кон било која политичка опција, или подршка на некој политичар, но нема ништо против според неговата изјава, за обединување на бранителите.
Заедничка соработка за заеднички неполитички и непартиски настап за исполнување на нашите права. Ние не сме за поделби.Ние сме за обединување
„Заедничка соработка за заеднички неполитички и непартиски настап за исполнување на нашите права. Ние не сме за поделби. Ние сме за обединување.“
изјави Петрушевски. Причината за формирање Унија на бранителите е, бидејќи:
„Достоинство до сега се претставуваше како бранител на правата на бранителите, но раководството почна политички да се однесува,што е против статутот и сите статути на здруженијата на граѓани.“
Претседателот на Здружението на бранителите „Бедем“ од Кичево, Горан Димоски вели:
„Ние се одделивме од „Достоинство“, бидејќи тоа влезе во некои политички води.,,
Ние се одделивме од „Достоинство“ бидејќи тоа
влезе во некои политички води