Скопски филмски фестивал

Плоштад Македонија

Со проекцијата на Јас, Дон Џовани на познатиот шпански режисер Карсол Саура, во киното Милениум, ќе биде отворено 13-то издание на Скопскиот филмски фестивал. На манифестацијата, до 29 април, во неколку категории ќе бидат прикажани над 70 филма.
Лош наредник - повик од Њу Орлеанс на Вернер Херцог, Граници на контролата на Џим Џармуш, драмата Браќа на Џим Шеридан, Антихрист на Ларс фон Трир, Живот за време на војна на Тод Солонц, Сериозен човек на Итан и Џоел Коен, Либан на Семјуел Маоз, Алтиплиано на Питер Бросенс и Џесика Хоуп Вудворт, Бела молња на Доминик Марфи, Прикривање на Хенрих Хелстром и Фредерик Вензел ...се само мал дел од 70-те остварувања што ќе можат да ги проследат љубителите на Седмата уметност на престојното 13-то издание на Скопски филмски фестивал. Манифестацијата која ќе се одржи во периодот од 21 до 29 април, ќе биде отворена во киното Милениум со проекцијата на Јас, Дон Џовани на познатиот шпански режисер Карлос Саура, филм работен според славното оперско дело на големиот Вофганг Амадеус Моцарт.
Оваа година ја имаме таа среќа да трендот почна да се менува, фестивалот повторно е во Миленум кој што на радост на сите нас има своја редовна програма.


„Оваа година ја имаме таа среќа да трендот почна да се менува, фестивалот повторно е во Миленум кој што на радост на сите нас има своја редовна програма“, вели Иво Антов, директор на Скопски филмски фестивал.

Тој притоа забележува дека и на ова издание на Фестивалот бележито е отсуството на спонзорите, та затоа организаторите наместо да бркаат звучни имиња за гости се решиле да понудат поголем број на филмови и да креират подобра фестивалска атмосфера.

„Фестивал не е само чисто гледање филмови, малку повеќе е и атмосфера.“

Покрај деветте филма во Главната програма, бројните наслови во авторската селекција, специјалните проекции, музичката документарна програма, новитет на годинешното издание на фестивалот ќе биде паричната награда за најдобро балканско остварување во категоријата краткометражен филм. Годинава Скопскиот филмски фестивалот се приклучува и кон светската прослава на 90-годишнината од раѓањето на Федерико Фелини, па така, во Кинотека на Македонија ќе се одржи ретроспектива на култниот италијански режисер, која вклучува филмови како „Казанова“, „Џулиета и духовите“ и „Градот на жените“, а најавено е и
Фестивал не е само чисто гледање филмови, малку повеќе е и атмосфера.
доаѓањето на единствениот гостин - Виторио Боарини, директорот на Фондацијата Фелини на денот на отворањето на манифестацијата. Од новитетите на 13-то издание на Скопски филмски фестивал ги издвојуваме и проекциите на рекламни клипови на познати режисери, анимациите и видеата за промоција на Старата скопска чаршија, тука е и третиот по ред конкурс за едноминутен филм кој годинава се одвиваше на тема 13, со филм за велосипедисти ќе бидат вкрстени програмите на оваа манифестација со актуелниот ВЕЛОФЕСТ, а интересно е и тоа што по прв пат публиката токму со своите гласови ќе го одбере својот фаворит на овој фестивал. 13-от Скопски филмски фестивал фестивал ќе биде затворен со филм-изненадување, а по него ќе следува и концерт на култната белградска група ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ во Младинскиот културен центар, за што директорот Златко Стевковски вели:

„За повеќе концерти, за повеќе случувања ги носиме Дисциплине Кичме, еден мил бенд на скопјани и Макеоднија и мислам дека ќе биде интересно на затворањето.„